Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива
се наоѓате во:За нас
За нас

Права, обврски и должности на членовите на МАЧР

Согласно член 9 од статутот на МАЧР, секој член на  здружението   ги   има   следните   права, обврски и должности:

  • Да покренува иницијативи и предлози заради остварување на целите и задачите на здружението;
  • Активно  да  учествува  во  работата  на  Здружението,  односно  во  креирањето и остварувањето на целите, задачите и програмата на  здружението како и активностите кои произлегуваат од нив;
  • Да бира и да биде биран во органите на здружението;
  • Редовно да биде информиран за преземените и планирани  активности на здружението од страна на неговите органи;
  • Да присуствува на седниците на собранието, како и на состаноците на  другите  органи  формирани  од  здружението,  ако  е  избран  како  член на истите;
  • Да  ги  исполнува  превземените  работи  и  задачи  на  компетентен  начин;
  • Редовно да плаќа членарина;
  • Да се придржува до овој Статут и другите интерни акти на здружението;
  • Да го почитува и применува Етичкиот кодекс на МАЧР;
  • Да дејствува во интерес на Здружението и во правец на зголемување на неговиот углед;
  • Остварува други права, и извршува други обврски и должности што  произлегуваат од овој Статут и важечките законски норми во РМ.

Ниту  еден  член  на  организацијата  не  смее  да  го  користи  своето  членство како начин за реализација на политички интереси. 

ПРЕСТАНОК НА ЧЛЕНУВАЊЕТО ВО ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 10

Членувањето во здружението престанува доброволно и со исклучување.

Член 11

Доброволно престанување на членството настанува по барање на член со доставување на  изјава за истапување од здружението до Управниот Одбор на Здружението.  

Член 12

Исклучување на член од здружението се остварува во следните случаи:   

  • ако членот не ја плати годишната членарина во одредениот рок; 
  • ако  членот  неоправдано  отсуствува  од  сите  редовни  и  вонредни  седници на Собранието на здружението во текот на две календарски години;
  • ако   членот   делува   спротивно   на   закон,   Статутот   и   целите   и  задачите на здружението. 

Телефон за контакт: +389 78 389 277
Е -mail адреса: contact@mhra.mk,
Адреса: Ул. 810 бр.2, 
               1000 Скопје 
               Република Македонија

Во МАЧР членството е индивидуално и Асоцијацијата е отворена за секој поединец чијашто  сегашна или идна професија е работа и менаџмент со човечките ресурси...

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член