Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива
се наоѓате во:HR Награди
HR Награди

НОМИНАЦИЈА на HR менаџер на годината

За HR менаџер може да се номинира секој граѓанин на Македонија, вработен во приватна, државна или невладина организација. Номинацијата за избор на HR менаџер на годината може да биде направена од страна на:

- Извршениот Директор во организацијата
- Колеги на менаџерска функција од организацијата
- HR менаџери од други организации или
- Кандидатот може и сам да се номинира.

По номинирањето кандидатот потпишува документ со кој е согласен да учествува во изборот и да ја прими наградата доколку биде избран.

Процесот на номинирање на HR менаџер на годината се состои од неколку чекори:

Чекор 1
Подносителот е потребно да го пополни формуларот за номинирање на HR менаџер на
годината
и истиот да го проследи на следната e-mail адреса: contact@mhra.mk со назнака Предлог HR менаџер – Име Презиме (на номинираниот). Подносителот ќе добие електронска потврда дека е примена номинацијата.

За кандидатите кои сами се номинираат потребно е самостојно да го пополнат формуларот за номинирање.

Реализацијата на овој чекор е во периодот до 15 јануари  -_28 февруари 2018.

Чекор 2
По завршување на процесот на номинирање на кандидатите се пристапува кон вториот чекор собирање на потребните документи со кои се докажува исполнувањето на дефинираните критериуми за избор на HR менаџер на годината. Секој номиниран кандидат е потребно да достави CV (европски формат) на македонски јазик и краток преглед на нивната работа според дефинираните критериуми за избор.

Овие документи ќе ги добијат номинираните кандидати кои ја потврдиле номинацијата од страна на одговорно лице од извршната канцеларија на МАЧР.

Реализацијата на овој чекор е во периодот од  01 март - 15 март, 2018 година

Чекор 3
Собраните документи се проследуваат по електронски пат до сите членовите на комисијата за избор на HR менаџер на годината, од страна на одговорно лице од извршната канцеларија на МАЧР.

За HR менаџер не може да се номинира:

  • Кандидат кој е член на УО или НО на МАЧР во моментот на номинирањето
  • Кандидат кој претходната година влегол во потесниот круг за избор на HR менаџер на годината нема право да се номинира наредните 3 години.


Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член