Македонската асоцијација за човечки ресурси Ве поканува на HR обука на тема: „Мотивација – дел кој ја комплетира сликата“
17 декември (вторник) | 10:00 - 16:00ч. | Скопје
Македонската асоцијација за човечки ресурси Ве поканува на HR обука на тема:
„Мотивација – дел кој ја комплетира сликата“
17 декември (вторник) | 10:00 - 16:00ч. | Скопје
За темата:
Мотивираните вработени се еден од клучните компоненти за успех и директно влијаат на тоа како се позиционира организацијата на пазарот и како е перцeпирана. Способноста на организацијата да ги поттикне вработените да ги претстават своите видувања, своите идеи, да се вложат себеси со ум и срце, директно влијае врз постигнување на поставените индивидуални и организациски цели.
Главни цели на обуката:
- Обелоденување на митовите за мотивација
- Запознавање со теориите на мотивација од менаџерска гледна точка и практична примена во организацијата
- Интерактивни вежби за креирање на стратегија за мотивацирање на вработените.
- Препознавање и справување со демотивација на вработените.
За кого е наменета обуката?
Оваа обука е наменетa за сите HR професионалци, како и за сите вработени со менаџерски одговорности и оние кои целат кон такви позиции, а имаат желба да ја разберат и интегрираат мотивацијата во својот пристап на работа во интерес на постигнување поголеми деловни успеси, како и разбирање и вклучување на разноликоста на човековата природа.
Очекувани резултати:
На крајот од обуката учесниците ќе знаат:
- Која е цената што ја плаќа организацијата од демотивираните вработени;
- Кои се предусловите за креирање на издржана стратегија за мотивација на вработените;
- Како да ги користите теориите за мотивација во секојдневната пракса;
- Како практично да креирате и имплементирате мотивациона стратегија која носи резултати, збогатена со апликативни практики кои може да бидат адаптирани во вашата организација и да донесат позитивни резултати на најекономичен начин.
За предавачот:
Ана Салтирова Давидовски работи на позицијата Менаџер за Човечки ресурси во АМСМ. Од 2005 активно работи на развивање и испорака на обуки за меки вештини. Фокусот и професионалниот предизвик за неа се наоѓа некаде помеѓу теоријата и практиката, имплементирање и адаптирање на успешните практики, за поотворено и побрзо справување со промените притоа застапувајќи го холистичкиот пристап. Потрагата по истото ја има однесено до запознавање со NLP методологијата, сега веќе активно се работи и како NLP Тренер и Коуч. Исто така на оваа тема има напишано повеќе статии во печатени и дигитални списанија, блогови и портали. Таа е магистер по Менаџмент на Човечки ресурси, а преку магистерската теза за првпат го внесе NLP во академските трудови во Македонија. Автор е на детската книга „Благодарам“ преку која методологијата на НЛП ја доближи до најмалите. Исто така е член на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси, член на Техничкиот комитет ТК 42 за HR стандарди под Институтот за стандардизација на Република Македонија (кој е мирор комитет на меѓународниот технички комитет ISO/TC 260 – Human Resource Management) и активна е на повеќе проекти за развој на ЧР во Македонија и промоција на професијата.
Агенда:
Сесија 1:
− Запознавање (кратка вежба)
− Претпоставки и митови за мотивација на вработените
Сесија 2:
− Практичен пристап на мотивациските теории
− Интерактивна вежба
Сесија 3:
− Мотивациски мета-програми според НЛП методологијата
− Интерактивна вежба
Сесија 4:
− Структура за градење на стратегија за мотивација на вработените во која ќе бидат вклучени сите
− Отворени прашања и затворање на обуката
Регистрација и котизација за учество:
Доколку сакате да учествувате на оваа обука, Ве молиме регистрирајте се на следниот линк, или пополнете го следниот формулар (преземи) и проследете ни ја пополнета на contact@mhra.mk, најдоцна до 13.12.2019 (петок).
* За местото на одржување на обуката ќе бидете дополнително известени.
Редовниот износ за учество на обуката изнесува 4.800 денари.
*Износот за учество за индивидуални членови на МАЧР изнесува 4000 денари.
* Корпоративните членови на МАЧР имаат дополнителни поволности.
*За повеќе учесници од иста компанија следува дополнителен попуст.
Учесниците на обуката добиваат:
- Кафе и освежување
- Закуска
- Работен материјал
- Сертификат за присуство
За повеќе информации, можете да не контактирате преку испраќање e-mail до contact@mhra.mk или на телефонскиот број 078 389 277.
Со задоволство го очекуваме Вашето присуство!