Врз основа на член 16 и 18 од Статутот на Македонската асоцијaција за човечки ресурси
претседателот на Македонска асоцијација за човечки ресурси објавува:
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА РЕДОВНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ
Врз основа на член 16 и 18 од Статутот на Македонската асоцијaција за човечки ресурси
претседателот на Македонска асоцијација за човечки ресурси објавува:
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА РЕДОВНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ
на 17 април 2024 година (среда), со почеток во 17:00 часот (во онлајн формат), со следниот
Предлог дневен ред
1. Избор на претседавач, записничар, верификациона комисија, констатирање на број на членови на МАЧР и утврдување кворум на Собранието,
2. Усвојување на Записникот од претходната седница на Собранието одржана на 27 април 2023 година,
3. Извештај за работењето на МАЧР во 2023 година,
4. Програма за работа на МАЧР за 2024 година,
5. Предлог за промена на Статутот на МАЧР,
6. Разно.
Седницата на Собранието ќе се одржи на 17 април 2024 година (среда), со почеток во 17:00 часот, во онлајн формат.
Седницата е предвидено да трае не повеќе од два часа.
Ве молиме за задолжителна најава на Вашето присуство или отсуство на Собранието до извршната канцеларија на МАЧР најдоцна до 15 април 2024 година (понеделник), со пополнување на кратката пријава на следниов линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfwLouOgieUXlsE1TlRQAS6vdxg54rF4yyE6OcR_-3gSPs_4g/viewform