На наше големо задоволство Македонската асоцијација за човечки ресурси ја организирa 10-та Јубилејна меѓународна конференција за човечки ресурси во Македонија, на 31 мај 2018 во хотелот Александар Палас, во Скопје. Бележиме десет успешни конференции и толку години посветена работа и залагања за подигнување на значењето на професијата управување со човечките ресурси, и унапредување на нејзиниот статус во нашата земја.
Драги пријатели,
На наше големо задоволство Македонската асоцијација за човечки ресурси ја организирa 10-та Јубилејна меѓународна конференција за човечки ресурси во Македонија, на 31 мај 2018 во хотелот Александар Палас, во Скопје. Бележиме десет успешни конференции и толку години посветена работа и залагања за подигнување на значењето на професијата управување со човечките ресурси, и унапредување на нејзиниот статус во нашата земја.
Изборот на темата “From HR to RH – Respect for Humanity” (Од менаџмент со човечки ресурси – до почит кон луѓето) произлезе на заедничка средба со колегите од Управниот и Надзорниот одбор на МАЧР, со цел во фокусот на јубилејната конференција да ја поставиме основната потреба, но и највисока цел на цивилизираниот свет, а тоа е почитта кон луѓето, поддршка на нивниот развој и признание за нивната непроценлива важност за организациите. Професијата управување со човечките ресурси како значајна функција на менаџментот на компаниите и организациите, потребно е да се користи за подигнување на квалитетот на животот на луѓето, особено во професионалниот дел, со воспоставување на соодветни стратегии, достоинствени услови за работа, еднакви можности за развој и напредок на луѓето, што самото по себе ќе придонесе кон позитивен развој на компаниите и општеството.
Ќе биде понудена богата програма, со учество на истакнати говорници од странство, меѓу кои главните HR менаџери од мултинационални компании, како и искусни консултанти, коучи и професори од Италија, Словенија, Грција, Португалија, Австрија, Унгарија итн. кои ќе ги споделат своите искуства и визии во оваа областа и ќе го презентираат своето стручно знаење, своите иновативни идеи, како и препораки (мотивирање, поттикнување на иновации, одржливост, управување со таленти, коучинг, лично брендирање, важноста на човечкиот фактор при интернационализација на компаниите итн.) кои што присутните менаџери и професионалци ќе можат да ги имплементираат за унапредување на организацијата во која што работат.
Очекуваме голем број посетители пред сѐ од редот на извршните менаџери, HR професионалци, како и студенти и други менаџери и професионалци, од јавниот, приватниот и невладиниот сектор, кои инвестираат во себе, со цел да бидат во тек со новините поврзани со развојот на човечкиот капитал и организациите. Учесниците ќе имаат исклучителна можност да се поврзат со луѓето и менаџерите од нивниот домен на работа и да остварат вредни познанства! Особено сме горди што настанот се повеќе добива регионалено значење, такашто и оваа година се најавени гости од соседните земји.
И оваа година ја продолжуваме соработката со Вработување.ком (www.vrabotuvanje.com.mk) која минатата година додаде вредност за нивото на организација на настанот.
Ексклузивно, во рамки на настанот вклучено е HR Експо, како и постконференциска забава за доделување на наградата Најдобар HR Менаџер за 2017 година!
Ве очекуваме!