Формирана Македонска асоцијација за човечки ресурси
Објавено во HR Global , Петок, 15 Мај 2009
Со поддршка на Проектот за деловно опкружување (БЕА) и Програмата за човеков и институционален развој на УСАИД, во Скопје беше формирана Македонската асоцијација за човечки ресурси. Асоцијацијата е основана како здружение на граѓани, а основачкото собрание се одржа на 22 април 2009. Беше избран надзорен и управен одбор.