Во духот на постигнување на нашите визија и мисија, членовите на Управниот одбор и извршната канцеларија вчера (05.03.2019) ja одржаа седмата стратегиска работилница на МАЧР, со цел да се утврдат следните планови на асоцијацијата и начините за нивна реализација. После долга дискусија, членовите на Управниот одбор дојдоа до еден главен заклучок: целата наша досегашна и претстојна работа ја посветуваме првенствено на нашето членство и на целата HR заедница во државата.
Во духот на постигнување на нашите визија и мисија, членовите на Управниот одбор и извршната канцеларија вчера (05.03.2019) ja одржаа седмата стратегиска работилница на МАЧР, со цел да се утврдат следните планови на асоцијацијата и начините за нивна реализација. После долга дискусија, членовите на Управниот одбор дојдоа до еден главен заклучок: целата наша досегашна и претстојна работа ја посветуваме првенствено на нашето членство и на целата HR заедница во државата.
Можеме со сигурност да кажеме дека членовите на Управниот одбор на МАЧР се навистина исполнети со ентузијазам да го унапредат и развијат здружението. Тоа беше особено видливо преку мноштвото креативни идеи кои беа предложени на вчерашната стратегиска работилница. Факт е дека има уште пат пред нас, но убавината е во тоа што хоризонтот се протега до недоглед, односно дека имаме слобода и имаме сили за големи подобрувања и надоградба на HR професијата во нашата земја.
Зборувајќи за нашата визија – развој на луѓето и организациите, голем дел од оваа работилница го посветивме токму на она што ни е нас најважно: нашите членови. Како што веќе спомнавме, 2019 година ја посветуваме токму на нив, нивниот професионален развој и сите бенефити коишто ги имаат и би можеле да ги имаат од нас во иднина. Во наредниот период главниот фокус ќе ни биде насочен кон подобрување на бенефитите и услугите коишто ги нуди МАЧР за нејзините индивидуални и (наскоро) корпоративни членови. Поради тоа, во наредниот период ви најавуваме обуки, работилници и проекти преку коишто нашите членови ќе можат да се развиваат и надградуваат. Подемот е веќе видлив, желбата постои, а она што можете да го очекувате во следниот период, односно во тековната 2019 година е следното:
Пред се, би сакале да ве „предупредиме“ дека од оваа година МАЧР воведува нова програма со обуки. Агендата за обуките ќе ви биде проследена наскоро и можете да очекувате обуки кои ќе достигнат едно ново ниво, пред сè организирани од едни од најдобрите едукатори и практичари на HR професијата во Македонија. Понатаму, во процес на реализација се и многу соработки со тренинг центри, со цел на нашите членови да им претставиме многу можности и широк асортиман на тренинзи и работилници.
Од друга страна, насочувајќи се кон организациите, МАЧР постави јасни цели за унапредување на HR професијата во текот на следната календарска година. Покрај традиционалната интернационална HR конференција којашто ќе се одржи на 20ти мај оваа година на тема „HR – The catalyst of transformation”, одлучивме кои наредни активности ни претстојат. Во есенскиот период Ве очекува вториот HR Weekend, додека во меѓувреме, со полна пареа продолжуваме со организирање на HR-кафе и Networking настаните, коишто се омилени не само помеѓу нашите членови, туку и помеѓу целата HR заедница во државата.
Продолжете да нè следите и понатаму за подетални информации и придружете ни се во ова патешествие на издигнување на целата HR професија на повисоко ниво.