Права, обврски и должности на членовите на МАЧР
Согласно член 9 од статутот на МАЧР, секој член на здружението ги има следните права, обврски и должности:
- Да покренува иницијативи и предлози заради остварување на целите и задачите на здружението;
- Активно да учествува во работата на Здружението, односно во креирањето и остварувањето на целите, задачите и програмата на здружението како и активностите кои произлегуваат од нив;
- Да бира и да биде биран во органите на здружението;
- Редовно да биде информиран за преземените и планирани активности на здружението од страна на неговите органи;
- Да присуствува на седниците на собранието, како и на состаноците на другите органи формирани од здружението, ако е избран како член на истите;
- Да ги исполнува превземените работи и задачи на компетентен начин;
- Редовно да плаќа членарина;
- Да се придржува до овој Статут и другите интерни акти на здружението;
- Да го почитува и применува Етичкиот кодекс на МАЧР;
- Да дејствува во интерес на Здружението и во правец на зголемување на неговиот углед;
- Остварува други права, и извршува други обврски и должности што произлегуваат од овој Статут и важечките законски норми во РМ.
Ниту еден член на организацијата не смее да го користи своето членство како начин за реализација на политички интереси.
ПРЕСТАНОК НА ЧЛЕНУВАЊЕТО ВО ЗДРУЖЕНИЕТО
Членувањето во здружението престанува доброволно и со исклучување.
Доброволно престанување на членството настанува по барање на член со доставување на изјава за истапување од здружението до Управниот Одбор на Здружението.
Исклучување на член од здружението се остварува во следните случаи:
- ако членот не ја плати годишната членарина во одредениот рок;
- ако членот неоправдано отсуствува од сите редовни и вонредни седници на Собранието на здружението во текот на две календарски години;
- ако членот делува спротивно на закон, Статутот и целите и задачите на здружението.