Македонската асоцијација за човечки ресурси ве поканува на HR Cafe & Networking настан на тема: “Како до успешно кариерно планирање: Дали се на прво место целите на вработените или на компанијата?” - 27.02.2020 (четврток) | 17:00-19:00ч. | МКЦ Клуб и Ресторан, Скопје
Македонската асоцијација за човечки ресурси ве поканува на
HR Cafe & Networking настан на тема:
“Како до успешно кариерно планирање: Дали се на прво место целите на вработените или на компанијата?”
27.02.2020 (четврток) | 17:00-19:00ч. | МКЦ Клуб и Ресторан, Скопје

За што ќе разговараме?
Според Американската Асоцијација за Менаџмент трошокот при губење на добар вработен е еднаков на 1.4 пати од висината на неговата/нејзината годишна плата, а според Асоцијацијата од Калифорнија “Стратегиско HR Партнерство” составена од HR менаџери од Fortune 500 компаниите - за определени работни позиции овој трошок е дури 10 пати повисок од годишната плата на конкретниот вработен (како на пример во случајот на софтверски инженери).
Од друга страна, кога се имаат вистинските луѓе на вистинските работни позиции тоа директно влијае врз секој значаен аспект од работењето на компаниите, вклучувајќи: ефективноста на менаџирањето, продуктивноста, обемот на продажбата, задржувањето на корисниците и бизнис резултатите.
Изминативе 10тина години добар дел од “успешните” компании во земјава во трката по квалитетен кадар се потпираа на бенефиции како: флексибилно работно време, убави работни простории и повисока плата. Денес вработените бараат нешто повеќе посебно во делот на можности за кариерен и личен развој, а истовремено бизнис климата станува се попредизвикувачка, па HR менаџерите (ќе) играат клучна улога во “обезбедување” на најсоодветниот кадар кој ќе има и капацитет и мотивација да ги реализира бизнис целите на компанијата, по цена која компанијата може да си ја дозволи.
Теми коишто ќе бидат опфатени на настанот:
1. Како истовремено да се исполнат и целите на компанијата и индивидуалните цели на вработените?
2. Што е побитно кај кандидатот/вработениот - професионалните квалитети или личните карактеристики?
3. Која е улогата на HR менаџерите - да ја поддржуваат компанијата или вработените?
4. Кои се иновативните алатки што им овозможуваат на HR менаџерите да носат вистински бизнис одлуки?
За гостин- предавачот: Ирена Чаушевска Даниловска

Ирена Чаушевска Даниловска има над 18 години искуство во претприемништво, иновации и развој на бизнис и човечки ресурси. Меѓу компаниите со кои има соработувано во областа развој на кадар се: SAP, IBM, GSV Labs, Syntelli Solutions, Сивус, Нетцетера, Македонска Берза, Фх3х, ТАВ. Основач е на првиот бизнис акцелератор во земјата - Њуменс и креатор е на HR платформата Нуклеус (со патент во САД) наменета за кариерно профилирање и евалуација на капацитет и потенцијал на актуелни и идни вработени. Стипендист е на Google на престижната програма за Експоненцијални технологии на Универзитетот Singularity во NASA Ames, Силициумска долина, САД и е првиот говорник од Македонија на Универзитетот Stanford, САД во 2016та година.
Настанот е предвиден да трае два часа,со формалниот дел со почеток во 17:15 часот и траење од 45 минути, додека остатокот од времето е наменето за неформално дружење.
Пријавување:
За да присуствувате Ве молиме задолжително да се пријавите: на формуларот за регистрација или преку испраќање e-mail на info@mhra.mk.
#HRкафе е отворен и бесплатен настан, организиран од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси во соработка со нашите партнери и членови, наменет за дружење, ширење на мрежата на контакти, размена и споделување на искуства.
Ќе ни биде особено задоволство доколку ни се придружите!