Работната сила во организациите треба да започне да ја смета технологијата како олеснувач на функционирањето, која истовремено има за цел да ја зголеми ефикасноста. Токму затоа, тематиката на HR Café & Networking настанот, „Воведување на современи HR системи - стратегиска алатка на организациите“ совршено коинцидира со моменталните и идните потреби на HR менаџерите. Говорниците Христина Лозаноска и Илија Јованоски, одржаа сеопфатна презентација за методологија за имплементација на HR софтвер и секако, бевме во можност да научиме многу нови работи преку темелната презентација за Fledge HR Cloud Based Software.
„Воведување на современи HR системи - стратегиска алатка на организациите“
За современите организации, најголемот предизвик е да останат релевантни на пазарот, но и релевантни за нивните идни, потенцијани вработени. Поради тоа, се повеќе се истакнува потребата од создавање на силна, привлечна и продуктивна организациска култура. Од таа причина, често поставувано прашање на HR менаџерите е следното „Како да се создаде богата и живописна организациска култура којашто ќе успее да ги привлече и задржи најдобрите умови и истите да ги поттикне да дејствуваат на оптимално ниво?“ Краткиот одговор на ова прашање е зборот „технологија“. Дигиталните HR алатки, методологии и платформи можат да ви помогнат на вас, но и на сите други вработени во секојдневното функционирање, планирање и исполнување на колективните и индивидуалните цели и задачи.
„HR менаџерите се сметаат за гасначи на пожарите“, изјави Христина Лозаноска (Сопственик на Вита Институт и HR консултант) за време на нејзиното воведно обраќање на настанот, истакнувајќи дека oбјективно, улогата на HR менаџерот се карактеризира многу повеќе како реактивна, отколку како проактивна. За да се смени ова генерално мислење, потребно е да дознаеме како да ги искористиме податоците за вработените коишто пристигнуваат до нас, со цел да ги предвидиме идните настани, потребите на работната сила, па и трендовите коишто доаѓаат. Истите податоци, односно увидот во којшто можеме да уживаме, би можеле да го употребиме со цел да обликуваме деловна стратегија и долгорочен развој. Со други зборови кажано, неопходно е да се воведе HR аналитика на податоци, за да одговори на критичните прашања во врска со вашата организација.

Работната сила во организациите треба да започне да ја смета технологијата како олеснувач на функционирањето, која истовремено има за цел да ја зголеми ефикасноста. Токму затоа, тематиката на HR Café & Networking настанот, „Воведување на современи HR системи - стратегиска алатка на организациите“ совршено коинцидира со моменталните и идните потреби на HR менаџерите. Говорниците Христина Лозаноска и Илија Јованоски, одржаа сеопфатна презентација за методологија за имплементација на HR софтвер и секако, бевме во можност да научиме многу нови работи преку темелната презентација за Fledge HR Cloud Based Software. Употребата на HR софтверот беше прикажана и од теоретски и практичен аспект, а на крај од презентацијата дополнително признание и потврда за делотворноста и ефикасната функционалност и апликабилност на софтвертот беше дадена од страна на г-ѓата Драгана Аврамовска, менаџер за правни работи и човечки ресурси во Клиничка болница „Жан Митрев“, Скопје, која го сподели успешното искуството со имплементацијата на HR софтверот.
Важно е да се напомене дека кохезијата помеѓу HR професионалецот и HR софтверот беше мошне видлива за време на презентацијата на HR Café & Networking настанот. Впрочем, преку интерактивната презентација на Христина Лозаноска и Илија Јованоски можевме да увидиме која е улогата на HR менаџерот при аплицирање на софтверот во организацијата, сите предизвици, но, секако и сите предности коишто доаѓаат со употребата на Fledge HR Cloud Based Software. Треба да се истакне дека HR софтверот подобрува како организациите управуваат со работната сила, при процесот на регрутација на нови вработени, ги исполнуваат прописите и ги управуваат податоците за човечки ресурси од моментот на регрутирање до пензионирање на вработените. Исто така, овој софтвер вклучува регулација на плати, бонуси и надоместоци за вработените, привлекување и управување со таленти, аналитика на работната сила, управување со перформанси и секако овозможува голем број административни придобивки. Едноставно кажано, Fledge HR Cloud Based Software претставува алатка која им помага на HR менаџерите при извршувањето на повеќето секојдневни работни задачи, па следствено им овозможува да го посветат своето време на други, попродуктивни активности.
