Македонската асоцијација за човечки ресурси, во соработка со QPM / gradar.com и Степ-ап партнер на компанијата за Македонија, ве поканува на HR кафе и Networking настан на тема: "Градење на инфраструктура за човечки ресурси во 21 век: Модерна евалуација на работата (job evaluation)како основа за менаџмент со компетенциите, талентите и наградувањето. "
Македонската асоцијација за човечки ресурси, во соработка со QPM / gradar.com и Степ-ап, партнер на компанијата за Македонија, ве поканува на HR кафе и Networking настан на тема: "Градење на инфраструктура за човечки ресурси во 21 век: Модерна евалуација на работата (job evaluation)како основа за менаџмент со компетенциите, талентите и наградувањето. "
29 мај (среда) 2019 | 17:00 - 19:00 ч. |
МКЦ клуб и ресторан (адреса: Кај Димитар Влахов 15, 1000 Скопје)

- Што е евалуација на работата (job evaluation) и како се разликува од определувањето на пазарната цена на работата (market pricing)?
- Sol Systems LLC - употреба во случај на интегрирани ХР процеси
Philipp Schuch ќе претстави типичен проект во компанија во која реализиарале евалуација на работните места, дефинирале и поставиле рангови за плата и ги дефинирале и претставиле компетенциите за секое работно место.
Формалниот дел е со почеток во 17:15 часот во траење од 40 минути, додека остатокот од времето е наменето за прашања и одговори и за неформално дружење.
За предавачот:
Philipp Schuch има повеќе од петнаесет години искуство како основач во дигиталната економија, консултант за наградување, менаџер за компензација и бенефиции во неколку меѓународни компании. Тој е експерт за евалуација на работните места, модели на компетентност, споредување на платите и структуирање на надоместоци.
Тој ја основал https://www.gradar.com/en/ во Дизелдорф, Германија во 2014 година и ја лансираше алатката на пазарот во септември 2015 година. Градар оттогаш е воведен во компании од 100 до повеќе од 300.000 вработени и направи вистинска револуција на пазарот за евалуација на работата и сличните процеси.
Професионална биографија на Philipp Schuch:
- функции за управување со C&B во ИТ, дигитални услуги и трговски друштва
- Консултантско искуство со Lurse, Willis Towers Watson и Just Software
https://www.linkedin.com/in/philippschuch/
*Напомена: Презентацијата ќе се одвива на англиски јазик.
Пријавување:
За да присуствувате Ве молиме задолжително да се пријавите: https://forms.gle/gKoWrkm8ANVgpBuQ9, или преку испраќање e-mail на contact@mhra.mk.
#HRCafe е отворен и бесплатен настан организиран од Македонската асоцијација за човечки ресурси во соработка со нашите партнери и членови, наменети за дружење, ширење на мрежа на контакти, размена и споделување на искуства.
Со задоволство го очекуваме Вашето присуство!