ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува веќе 20 години на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Секој од овие четири оддели на ЕСП успешно функционира и се развива во насока на целосно исполнување на потребите на клиентите, како на домашниот, така и на странскиот пазар. Во тој контекст, квалитетот на услугите е на прво место, а оттука произлегува и нашата заложба – услуга која во целост одговара на вистинските потреби на клиентите.
ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси е компанија која што успешно опстојува веќе 20 години на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Секој од овие четири оддели на ЕСП успешно функционира и се развива во насока на целосно исполнување на потребите на клиентите, како на домашниот, така и на странскиот пазар. Во тој контекст, квалитетот на услугите е на прво место, а оттука произлегува и нашата заложба – услуга која во целост одговара на вистинските потреби на клиентите. Во продолжение прочитајте го нашиот разговор со Лидија Таскова- Попова, генерален менаџер и еден од основачите на ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси.
1. Остварувањето на соработка на HR Викендот 2.0 со вас, едни од најискусните тренинг центри во Македонија, ни претставува големо задоволство. Познавајќи дека имате долгогодишно искуство, можете ли да ни кажете кои се најголемите потреби на компаниите во Македонија, кога станува збор за обуки?
Во периодот на нашето 20 годишно работно искуство потребите од обуки на компаниите се менуваа, но секогаш со една главна цел - подобрување на работењето во компаниите. Фокусот на обуките е обично пополнување на некоја празнина или недостаток на вештини кои што во текот на работењето на компанијата се утврдиле како потешкотија или, пак, имала негативно влијание врз работењето. Секако дека компаниите се спремни да ги обучат своите вработени со цел да имаат непречен раст и развој. Многу е важно во една компанија да има одлична комуникација помеѓу вработените; да се развива и негува тимски дух; да има одлична грижа за клиенти; да знаат да се справат со тешки ситуации; одлично да се организира времето на работа; да има посветеност и ангажираност на работното место; да се делегира и менаџира со вработените на соодветен начин; да се мотивирани; да знаат да решаваат проблеми и да донесуваат одлуки; да знаат да се справат со стресни ситуации и се останато што и овозможува на компанијата не само да опстојува на пазарот, туку да расте и да се развива. Сите овие битни вештини компаниите ги препознаваат и ги упатуваат своите вработени да ги стекнат, развијат или надградат. Можам да кажам дека, во текот на последните години, во фокусот на компаниите за обуки на своите вработени е и личниот развој на вработените во склоп на професионалниот, и тоа ме радува, бидејќи и преку личен развој вработените се развиваат на професионално ниво.
2. Вашето мото, кое гласи „Развивај го човековиот потенцијал!“ вели многу за вас како тренинг центар. Следствено, што мислите дека во моментот им е најмногу потребно на луѓето, со цел да го развијат нивниот потенцијал?
Човечкиот потенцијал е огромен и треба самите да го развиваме секојдневно, а исто така и да поттикнуваме развој и напредок на сите околу нас. Најбитно од се е да се осознаеме себеси, реално да ги согледаме нашите способности и можности, како и реално да ги согледаме нашите слаби страни. Само така ќе знаеме во кој дел треба да се развиваме и да се надградуваме, а во кој дел треба да се стекнеме со нови знаења и вештини и истите понатаму да ги развиваме и надградуваме.
3. Големиот број на обуки и континуираната едукација низ годините Ви има овозможено и самите Вие да се развивате на личен и професионален план. Заклучно, можете ли да им кажете на нашите читатели на кои се аспекти од Вашиот живот овие обуки се имаат рефлектирано позитивно?
Завршив технологија на информатички системи на Универзитетот „Лондон Гилдхол“ во Лондон. Магистрирав на студии по менаџмент на Универзитетот „Шефилд“ во Солун. Поминав низ процесот на обука за Невро-лингвистичко програмирање и се стекнав со титула „НЛП Мастер практичар“. Како продолжение на таа едукација, посетував обука и за системска динамика, како семејна, така и деловна, којашто проучува меѓучовечки односи и во приватните и во деловните сфери. Ги завршив и обуките за „коуч“, „НЛП Капитал коуч“, како и “ПЦМ коуч”. Јас сум и лиценциран обучувач на возрасни и обучувач на обучувачи на национално ниво, акредитиран од Бирото за развој на образованието на Република Македонија.
Обуките за развој и напредок се од клучно значење за мојот секојдневен личен и професионален развој. Тоа ми се потврдува постојано. Кога ќе направам споредба пред обуките и потоа, можам со сигурност да тврдам дека позитивно се рефлектирале во однос на осознавање на моите потенцијали и нивен раст и развој, како и разбирање на меѓучовечките односи, реакции и однесувања, кое што, пак, ми овозможило да можам со леснотија и на позитивен начин да се справам со и во разни ситуации со позитивен исход.
4. Што мислите, кои се најголемите препреки кои им стојат на патот на луѓето во остварување на својот полн потенцијал?
Според мене, најголемите препреки кои им стојат на луѓето во остварување на својот полн потенцијал е, како прво, недовербата кон самите себе и својот потенцијал, и како второ, незнаењето (немањето вештини) како да го препознаат својот потенцијал и истиот да го развијат и насочат кон остварување на своите цели или целите на компанијата.
5. Знаејќи дека Вие често работите со менаџери и HR професионалци. Кои се според Вас карактеристиките на добар HR менаџер?
HR менаџер е една од клучните работни позиции и многу важна, одговорна и битна за растот и развојот на една компанија.
Добар HR менаџер треба да има одлични комуникациски вештини и истите ефективно да ги применува со вработените, колегите, директорите, претпоставените, раководителите и шефовите на сите оддели како и со сите останати вработени. Клучна карактеристика на HR менаџерот е да знае да слуша - една од најбитните комуникациски вештини.
Покрај тоа што HR менаџерот треба да има разбирање за меѓучовечки односи, реакции и однесувања, мора да има и лидерски способности. Одговорен е и за регрутирања, вработувања како и раст и развој на вработените, а самото тоа се наметнува и потреба од тоа HR менаџерот да има целосен увид во потребите и процесите на работењето на компанијата.
Потребно е да има интегритет и да практикува фер и еднаков однос кон вработените. Да биде сочувствителен. Да е одличен мотиватор. Да има одлични преговарачки вештини, како и да знае да управува со конфликти и конфликтни ситуации. Да умее да решава проблеми и да донесува одлуки. И, се разбира, да има соодветно искуство во работењето.
6. Според Вас, која е причината позади успехот на обуките? Дали сметате дека компаниите во Македонија на вистински начин ги искористуваат можностите и придобивките од обуките?
Кога обуката е точно одредена, осмислена и спроведена според потребите на вработените, тогаш се вели дека обуката е успешна. Но, дали обуката ќе биде целосно успешна зависи пред се од активната примена на стекнатите вештини. Само доколку се применуваат техниките и методите од обуката, ќе има напредок и развој. За да се утврди успешноста, потребна е целосна повратна информација од примена на стекнатите вештини и мерење на перформансите на вработените пред и по обуката.
Компаниите во Македонија, според нашето искуство, ги користат можностите да ги обучат своите вработени, но не секогаш ги согледуваат и придобивките од обуките.
7. Поради која причина се одлучивте да земете учество и да инвестирате дел од Вашето време во учество на настанот HR Викенд 2.0?
Темата Иновативност и креативност (надвор од рамката) е актуелна и верувам дека сите учесници ќе стекнат некоја нова вештина која ќе можат да ја применат во нивниот личен и/или професионален живот. Јас се радувам што ќе можам да споделам мои искуства и пресреќна сум што ќе научам многу од искуствата учесниците на HR Викенд 2.0.