14 и 17 Февруари 2020 во просториите на Вивендум Ратио Солушнс!
Center of excellence на Вивендум Ратио Солушнс Ве поканува на обука на тема: „Развој и практична примена на емоционална интелигенција“, на 14 и 17 февруари во просториите на Вивендум Ратио Солушнс!
* Рокот за пријавување со попуст за рана пријава (15%) е до 07.02.2020. Членовите на МАЧР имаат 15% попуст до завршувањето на рокот за пријавување (12.02.2020)
Опис на програмата:
Оваа обука јасно го дефинира концептот на емоционална интелигенција, објаснува колку е клучна за приватниот и професионалниот развој и дава практични решенија и алатки како учесниците да ги применат знаењата во секојдневниот живот а со тоа да ја подобрат својата лична самодоверба како и професионалниот успех.
Емоционална интелигенција претставува збир од способности и вештини кои определуваат колку успешно ќе управуваме со личниот живот и нашата способност да ги разбереме луѓето околу нас, како да комуницираме и соработуваме успешно со нив.
Во денешната комплексна и променлива средина, техничката експертиза или специјалистичко знаење за извршување на работните задачи не е повеќе доволно за успех. Секојневно сме соочени со нови и зголемени барања на работните места, повеќе притисок и стрес и потреба од поголема комуникација со другите за што е потребно да бидеме проактивни, отворени во пристап и соработка со другите, да знаеме како да управуваме со нашата продуктивност, меѓусебните односи и луѓето со кои сме опкружени.
Здобиените способности и вештини кои произлегуваат од емоционалната интелигенција на учесниците ќе им овозможат полесно справување и проактивност во управување со промените во приватниот и професионалниот живот и ќе им даде можност за развој на перспектива и самодоверба за управување со личните и емоции како и очекувањата и емоциите на луѓето со кои се опкружени.
За кого е наменета
- Менаџери на сите нивоа во организација, вработени кои имаат аспирации за раководна позиција, вработени кои согласно систем за управување со таленти се идентификувани за идни раководни позиции
- Вработени и индивидуалци кои сакаат да ги подобрат своите можности за развој на кариера и продуктивно управување со личниот живот преку развој на емоционална интелигенција
- Сите индивидуи кои сакаат да ги развијат своите лидерски вештини
Од оваа обука ќе научите:
- Да ги разберете и примените принципите на емоционален развој на двете полиња во животот, личен и професионален
- Подобро разбирање на врската помеѓу мислите и емоциите, да направите разлика помеѓу нив со цел да направите подобри одлуки
- Да станете отпорни и проактивни кога сте соочени со предизвици, стрес, притисок и големи очекувања
- Да идентификувате начини на кои преку практична примена на емоционална интелигенција ќе постигнете подобри резултати со луѓето за кои сте одговорни
- Да ги разберете различните модели на однесувања и очекувања и како да работите со луѓе кои имаат различно однесување и очекувања
- Да го разберете лидерскиот модел и пристап кој е потребно да го примените кога се наоѓате во тешка ситуација
- Важноста на конфликт и како преку конфликт може да се изградат односи со другите
- Развој на социјални вештини и емоционална интелигенција
- Подобрување на лидерски вештини преку примена на емоционална интелигенција
Повеќе информации...
Поддршка на настани и активности
Објавено на: {{DatePublished}}
{{Title}}
{{{Content}}}
{{Superscription}}
{{#if Keywords}}
{{/if}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886&height=574"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}
{{#hasElements RelatedArticles}}
ПРЕПОРАЧУВАМЕ
{{#each RelatedArticles}}
{{/each}}
{{/hasElements}}
{{#hasElements ArticlesInCategory}}
{{#each ArticlesInCategory}}
{{/each}}
{{/hasElements }}