Основните одговорности на работното место опфаќаат пресметка и исплата на плати за сите вработени
Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и
да ги остварите своите амбиции и визија,
доколку сте посветени, лојални, креативни,
насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно,
станете дел од една од најуспешните компании во земјата
Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на
1) Референт за човечки ресурси
Основните одговорности на работното место опфаќаат пресметка и исплата на плати за сите вработени, како и водење целосна кадровска евиденција, евиденција на работното време, ажурирање на системот за кадрови и персонални работи, внес на сите потребни податоци за навремена и точна пресметка на платата на сите вработени. Следење на сите организациски промени, како и промените во врска со движење на вработените, изготвува посебни формулари од работен однос (пријава/одјава) и истите ги доставува до Агенцијата за вработување, изготвува месечни, периодични како и годишнии звештаи за бројната состојба на вработените, квалификационата структура, работен стаж, минат труд и други податоци, проверка и спроведување на барањата за работа по долга од полното работно време и извештаите за привремена спреченост за работа (боледувања), активности поврзани со ПИОМ и ФЗО. Активности при изработка на аванс, плата и други исплати и ги спроведува сите видови на задршки од плата.
Работните задолженија вклучуваат и активности поврзани со договори за вработување, описи на работни места, односи со вработените, бенефиции за вработените, работи поврзани со социјално и пензиско осигирување на вработените, обука и развој и слично.
Комуникација со сите вработени и давање објаснувања поврзани со кадровски работи, плати, работни часови и др.
Кандидатот треба да има изразени комуникациски способности, отвореност и желба за работа со луѓе, прецизност и точност во работењето, познавање и способност за следење на законската регулатива од областа на работните односи. Работното време е 40 часа неделно, од 08:00–16:00 дневно. Основната нето плата за работното место е од 29.500 – 34.500 денари.
Квалификации на кандидатите:
• ВСС/VII степен образование, 240 кредити
• Потребно работно искуство од најмалку 2 години во областа на пресметка и исплата на плати
• Одлично познавање на напреден MS Excel и другите MS Office апликации, искуство во SAP или друг напреден ЧР модул ќе се смета за предност
• Одлично познавање на англиски јазик
Конкурентски предности:
Изразена прецизност и точност во работењето
Одлични аналитички способности, посветување внимание на детали
Комуникациски и организаторски способности
Желба за работа во средина со високи барања
Динамичност, ефективност и ефикасност
Флексибилност и адаптибилност
Посветеност, мотивираност, иницијативност
Тимска работа и кооперативност
Решавање на проблеми
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо
2. Биографија на англиски јазик (CV)
3. Доказ за завршено образование
Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.
Аплицирањето се врши само на вебстраницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје,
http://www.usje.com.mk
каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.