Државниот Универзитет на Словенија, Економски факултет - Љубљана (School of Economics and Business – SEB Ljubljana) љубезно Ве поканува на презентација на Master programme – IBA (Management and Organisation), 27 јуни 2019 (четврток), 19:00h, Public room, ул. 50 Дивизија бр. 22, Скопје
Почитувани,
Државниот Универзитет на Словенија, Економски факултет - Љубљана (School of Economics and Business – SEB Ljubljana) љубезно Ве поканува на презентација на Master programme – IBA (Management and Organisation)
27 јуни 2019 (четврток)
19:00h, Public room, ул. 50 Дивизија бр. 22, Скопје
Доколку сте во потрага по меѓународна висококвалитетна мастер програма во областа на финансии, менаџмент, маркетинг, човечки ресурси, присуствувајте на Отворениот ден на државниот Економски факултет – Љубљана, кој од 2005 год., во Скопје, ја изведува Master programme – IBA (Management and Organisation) на англиски јазик.
Агенда на настанот:
- Проф. Метка Текавчич, декан на државниот Универзитет на Словенија, Економски факултет - Љубљана (School of Economics and Business – SEB Ljubljana)
- Членови на FSEB LU Alumni Club & Магистранти од претходните генерации – нивното искуство и придобивки од мастер програмата
-
Панел-дискусија на тема: „What can we learn about continuous innovation from Marvel?” Актуелна тема објавена во најновото интернет издание на Harvard Business Review .Панел-дискусијата ги вклучува сите присутни и претставува симулација на методологијата на изведување на наставата на мастер програмата.
- Модератор: Проф. Миха Шкерлавај, редовен професор на Економски факултет - Љубљана (School of Economics and Business – SEB Ljubljana)
-
Мини-работилница за личен развој на тема: „Are you a leader that you would follow?“
- M-р Христина Лозаноска, професионален извршен и бизнис тренер & ментор за човечки ресурси (основач на ВИТА Институт)
Веруваме дека понудената меѓународно високорангирана мастер програма на Државниот Универзитет на Словенија, Економски факултет - Љубљана (School of Economics and Business – SEB LU), во целост ќе ги исполни Вашите потреби за изборот на интернационални магистерски студии коишто идентично се изведуваат (како во Љубљана) и во Скопје.
Љубезно Ве молиме, потврдете го своето присуство.
Лице за контакт: Мелита Секуловска, регионален координатор;
Тел.: 070/ 338-570;
e-mail: melita.sekulovska@ef.uni-lj.si
Целосната покана за настанот можете да ја преземете на следниот линк.
Во очекување на Вашето присуство, упатуваме срдечен поздрав.