Летото е во полн ек. Без разлика дали одите на одмор или едноставно вашите мисли упорно се движат во таа насока, продуктивноста често е во пад за време на потоплите месеци. Но, само поради тоа што не сте во работно расположение, не значи дека не можете да се движите напред. Кејти Сендлер, сертифициран коуч, вели дека летото е најдобриот период од годината во којшто можете да се фокусирате на вашиот кариерен развој.
Летниот период е вистинското време за фокусирање на кариерен развој
Katie Sandler, психолог и сертифициран коуч
Летото е во полн ек. Без разлика дали одите на одмор или едноставно вашите мисли упорно се движат во таа насока, продуктивноста често е во пад за време на потоплите месеци. Но, само поради тоа што не сте во работно расположение, не значи дека не можете да се движите напред. Кејти Сендлер, сертифициран коуч, вели дека летото е најдобриот период од годината во којшто можете да се фокусирате на вашиот кариерен развој.
„Луѓето често губат мотивација и енергија во овој период од годината“, вели Сендлер. „Тоа често се случува бидејќи тие не одвојуваат доволно време за себеси. Во последните 10-20 години, повеќе компании им помагаат на вработените со тоа што се пофлексибилни со распоредот за летен одмор, охрабрувајќи ги вработените да си земат време за себеси со цел да бидат освежени и продуктивни кога ќе се вратат.“
Одење на одмор е еден начин да го стиснете “reset” копчето, но Сендлер вели дека има и други нешта коишто можете да ги направите за да ја надградите вашата кариера. Во продолжение прочитајте 4 можни решенија коишто можете да ги вклучите во вашиот летен распоред.
Проширете го хоризонтот на вашите мисли
Размислете за вашите долгорочни планови и креирајте листа на можни дејствија коишто можете да ги примените сега или понатаму во годината, вели Сендлер.
„Морате да знаете каде одите, доколку сакате да стигнете таму“, вели таа. „Бидете јасни со себеси за тоа кои се вашите цели, желби и потреби за иднината. Дали чувствувате дека тие се искрени? Доколку се чувствувате така, расчленете ги во помали чекори и потоа фокусирајте се на краткотрајни цели коишто ќе ве доведат до големата, долгорочна цел.“
На пример, доколку сакате да станете лидер во вашата компанија, дефинирајте што е тоа што треба да го направите прво. Можеби треба да ги надоградите вашите вештини или мрежа на познаници. Поставете темели и градете оттаму. Понекогаш морате да го користите и методот на “обиди и грешки”, вели Сендлер.
„Не постои универзално правило“, вели Сендлер. „Пробувајте различни нешта и видете што ви одговара на вам. Не се обесхрабрувајте кога нешто не функционира; веќе сте еден чекор поблиску до идеалното решение.“
Сендлер вели дека луѓето можат да скршнат од нивните долгорочни цели доколку дозволат ситни нешта да им го одвратат вниманието – а постојано има такви нешта. „Тоа што се случува е следното: го живеете животот ден за ден и сте фокусирани на вашите моментални потреби, но не и на нештата коишто треба да ги направите за да стигнете до некоја поголема цел“ вели таа. „Доколку ја разложите и обмислите вашата цел, можете да си ги направите чекорите до успехот полесни. Не се работи само за цели и планови, се работи за вашиот живот.“
Надоградете ги вашите вештини
Бавното темпо на летото е одлично време за пријавување на часови, тренинзи, па дури и да резервирате патување за лична и професионална трансформација.
„Ова време од годината е одлична можност да подобрите некоја вештина или да научите нешто ново“, вели Сендлер. „Фокусирањето на нови вештини може да поттикне нови начини на размислување коишто ќе ве инспирираат да се вклучите потемелно во вашата работа.“
Друг едноставен начин да го проширите вашиот асортиман на вештини е да прочитате некоја интересна книга. „Не мора да биде поврзана со професионален или личен развој“, вели Сендлер. „Било каква добра книга може да го активира вашиот мозок на различни начини и да ве мотивира за нови нешта“.
Проширете ја вашата мрежа на познанства
Летото е исто така добро време да остварите нови познанства или да ги засилите врските со старите познаници. „ Дружењето за време на летото е порелаксирано“, вели Сендлер. „Поврзете се со вашите ментори, побарајте ги пријателите со коишто не сте се виделе одамна за да продискутирате како тие ги надоградиле своите кариери“. Идејата е, вели таа, да “излезете од сопствената глава“ и да се поврзете со другите, со цел да ги проширите вашите хоризонти.
Посветете се на грижа за себеси
Работење многу саати во текот на неделата, може да остави последици на вашето здравје. Искористете го летото за да се грижите за себеси. Направете нешто поинакво или нешто што вообичаено немате време да го сторите. На пример, патувајте, одете на концерт, пробајте нови методи на вежбање и излезете од вашата зона на комфорт.
„Овие нешта можат да ја поттикнат креативноста и придонесот на работното место“- вели Сендлер.
Грижата за себеси може да вклучи и адресирање делови од вашиот личен и професионален живот коишто не функционираат повеќе. Сендлер предложува да си земете време да си го преиспитате животот. Доколку мислите дека нештата се движат „како подмачкани“, прашајте ги луѓето околу вас што тие сметаат дека можете да подобрите.
„Дали резултатот од вашата работа е на ниво коешто ви е доволно?“ прашува Сендлер. „Што е со врските со луѓе и вашиот социјален живот? Можеби постојат нешта коишто треба да ги адресирате.“
Летото е одличен период да се фокусирате, да заземете понергичен став кон вашата работа и да откриете каде сакате вашиот живот да се движи во иднина.
Текстот е преземен и адаптиран од веб-страницата: www.fastcompany.com.