Оглас за активно учество во комисии
Македонската асоцијација за човечки ресури ги повикува своите членови кои имаат ентузијазам и интерес да се пријават и станат активни членови на некоја од комисиите:
1. Комисија за Организација на настани;
2. Комисија за ИТ и Маректинг;
3. Комисија за Членство;
4. Комисија за Eдукација и Тренинг;
5. Комисија за Проекти;
6. Комисија за развој на HR во јавниот сектор.
Екипирањето на комисиите е од големо значење за Асоцијацијата особено сега во периодот во кој следува организацијата на 4та по ред Меѓународна конференција за човечки ресурси.
Секоја комисија тесно соработува меѓусебено и учеството е на волонтерска основа.
Заинтересираните членови потребно е да се пријават по пат на електронска пошта на komisii@mhra.mk најдоцна до 26 ноември 2012 година. Во предмет на дописот наведете за која комисија пријавувате учество.
Одговорности на комисијата за ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАНИ:
- Подготовка на концепт, тема и агенда на настан
- Избор на спикери и гости на настан
- Избор на модератор на настан
- Избор на локација и објект за настан
- Креирање правила за учество на настан и котизација
Одговорности на комисијата за ИТ и МАРКЕТИНГ:
- Развој на маркетинг стратегија
- Менаџирање на веб страната на МХРА
- Менаџирање на МХРА групата на социјалните мрежи
- Подготовка на промотивен материјал
- Промоција на МХРА пред медиуми
Одговорности на комисијата за ЧЛЕНСТВО:
- Регрутација на членови
- Грижа за потребите и интересите на членството
- Спроведување на кампања за нови членови
- Поттикнување на членовите да се приклучат и активно придонесуваат во активностите на комисиите
- Креирање и оддржување на дата база на поранешни , сегашни и потенцијални идни членови на МХРА
- Членски картици, потврди и благодарници
Одговорности на КОМИСИЈА ЗА ЕДУКАЦИЈА и ТРЕНИНГ:
- Истражување на актуелните потреби од едукативни настани
- Изготвување на годишна Програма за едукативни настани
- Предлагање на теми и вид на едукативниот настан
- Предлагање на обучувачи, фасилитатори,
- Реализација на Програмата за едукативни настани во соработка со останатите комисии
Одговорности на КОМИСИЈА ЗА ПРОЕКТИ:
- Следење на проекти од интерес за развој на човечкиот капитал
- Подготовка на предлози за аплицирање во име на МХРА
- Пополнување на апликации и аплицирање
- Анализа на потреби и давање на предлози за ангажирање на експерти на проекти
Одговорности на КОМИСИЈА ЗА РАЗВОЈ НА HR ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР:
- Развој на HR во јавниот сектор
- Анализа на потреби и дефинирање на приоритети на HRM во јавниот сектор
- Предлози за организирање настани на актуелни теми во HRM во јавниот сектор
- Кохезија на приватен и јавен сектор
Набрзо по конференцијата ќе се екипира и Комисијата за стандардизација во областа управување со човечките ресурси, за што ќе следи дополнителна информација.
Пријавувањето за член во некоја од комисиите може да се направи со пополнување на дадениот документ, и негово доставување на е-маил адресата: komisii@mhra.mk
Огласи
Објавено на: {{DatePublished}}
{{Title}}
{{{Content}}}
{{Superscription}}
{{#if Keywords}}
{{/if}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886&height=574"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}
{{#hasElements RelatedArticles}}
ПРЕПОРАЧУВАМЕ
{{#each RelatedArticles}}
{{/each}}
{{/hasElements}}
{{#hasElements ArticlesInCategory}}
{{#each ArticlesInCategory}}
{{/each}}
{{/hasElements }}