Конкурс за најдобар краток видеоклип за промоција на меѓународна конференција за човечки ресурси на тема
We know what is next in HR!
___________________________________________________________________________________
Македонската асоцијација за човечки ресурси распишува конкурс за најдобар краток видеоклип на тема „We know what is next in HR“, со цел промоција на третата меѓународна конференција за човечки ресусри.
Технички услови за учество на конкурсот за најдобар краток видеоклип:
- На конкурсот за најдобар краток видеоклип секој автор смее да пријави најмногу 2 идејни решенија.
- Видеоклипот не смее да надминува 60 секунди.
- Клиповите треба да бидат испратени во следниве формати: .mpeg4, .avi, .wmv, .flv или .swf.
- Видеата можат да бидат изработени во соодветна програма за компјутерска анимација или снимени со мобилен телефон, фотоапарат, или видеокамера.
Награда:
- 2 (две) влезници за конференцијата, промоција на идејата и промоција на авторот за време на конференцијата.
Пријавување:
Вашите идејни решенија можете да ги испраќате директно на е-пошта или со испраќање на соодветен линк за преземање на истите на contact@mhra.mk најдоцна до 30.09.2011 (заклучно со полноќ).
При пријавувањето на Вашето решение наведете ги Вашето име и презиме, контакт телефонот, е-мејл адресата .
Избор на победници:
Комисијата за маркетинг на македонската асоцијација за човечки ресурси ќе го избере победникот.
Напомена:
Со пријавување на конкурсот, авторите се согласуваат да го пренесат на организаторот на конкурсот правото на јавно изложување на делата, а авторите на наградените дела се согласуваат на организаторот на конкурсот да ги пренесат сите права на користење на делата.
Во пријавата авторите треба да наведат дали сакаат нивното дело да се користи со наведување на нивното име и презиме или псевдоним.
За повеќе информации јавете се на телефонскиот број (+389) 3 224 762