Следниот вебинар ќе се одржи идната среда (29.04.2020) со почеток во 17:00ч. , на тема: „Како да се задржи континуитетот на организациската култура за време на COVID-19?“.
Знаејќи дека HR менаџерите преземаат значителна одговорност за продуктивноста на вработените, која пак се одразува понатаму врз делотворноста на организациите, задачата на МАЧР во наредниот период е водењето и иницирањето на активности во функција на одржување на позитивниот морал и секако споделувањето на добри практики за соочување со предизвикот. Поради препораките за социјално дистанцирање, одлучивме оваа поддршка да ја обезбедиме преку одржување на серија од HR вебинари коишто во наредниот период ќе се одржуваат секоја среда!
Ве покануваме да ни се придружите на дискусии во живо на различни корисни и актуелни HR теми. Следниот вебинар ќе се одржи идната среда (29.04.2020) со почеток во 17:00ч. , на тема: „Како да се задржи континуитетот на организациската култура за време на COVID-19?“.

За што ќе зборуваме?
Во екот на епидемијата COVID-19 многу организации мораа да го сменат начинот на работење. Брзата дигитализација на работењето секако со себе носи и многу предизвици. Техничкото прилагодување е олеснето со постоењето на многубројни алатки за синхрона и асихнрона комуникација. Сепак постои разлика меѓу техничка подготвеност за промените и емоционална и културна подготвеност за промените.
Разгледувањето на организациската култура е важно во кризни ситуации бидејќи културата е збир од споделени однесувања, претпоставки, верувања и вредности кои вработените ги прифаќаат како свои. Силната култура значи дека вработените знаат кои се прифатените начини на однесување, се однесуваат на соодветен начин и добиваат признанија за однесувањето. Како таква култура е тесно поврзана со вредностите на лидерот/ите во организацијата и со начините на работење. Сепак во време на интензивни промени кога начинот на работење се менува, кога вработените мора да се прилагодат на нови начини на работење и функционирање, дури и компаниите со силни култури се соочуваат со предизвици. За многу компании предизвик е како да се зачува заедништвото, споделените вредности и начини на однесување кога околината, начинот на комуникација и начинот на работење брзо и непредвидливо се менуваат. Исто така предизвик е како да се зачува усогласеноста меѓу културата, вредностите и формалното функционирање на организацијата.
Реагирањето на промени во согласност со вредностите на компнанијата и организациската култура може само да и донесат корист на компанијата и вработените и да испратат позитивна порака до сите засегнати страни. При тоа од особено важност е вработените да добијат соодветна поддршка, да се задржи ефикасната комникација и да се оддржи посветеноста кон работата. Токму затоа без разлика дали сте искусен менаџер на човечки ресурси, штотуку ја започнувате кариерата во областа или работите во компанија која се соочува со предизвици во менаџирањето на вработените на овој вебинар преку излагањето и дискусијата на докажани експерти од областа, ќе може да дознаете повеќе за:
- Концептот на организациска култура, вредности и усогласеност
- Начини на градење и одржување на силна култура во услови на брзи промени
- Алатки за комуникација со вработените за поддршка на организациската култура и обезбедување усогласеност помеѓу културата, вредностите на лидерот и стратегијата на компанијата.
Говорници:
- проф. д-р. Марјан Бојаџиев - провост и професор на Универзитетот Американ Колеџ - Скопје и професор на Универзитетот Тор Вергата, Рим, Италија.
- Наташа Алексовска - основач и деловен консултант на Вивендум Ратио Солушнс
- Христина Лозаноска - основач и CEO на Вита Институт, член на Управен одбор на МАЧР
Модератор:
- доц. д-р Ана Томовска Мисоска - доцент на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, член на Управен одбор на МАЧР
Пријавување:
Доколку сте заинтересирани за учество на вебинарот кој ќе се одржи оваа среда, (22 април 2020 година), Вашето присуство можете да го пријавите на следниот линк или на e-mail адресата: info@mhra.mk.
Ве очекуваме!