Претседател на Македонска асоцијација за човечки ресурси

м-р Христина Лозаноска
Христина е бизнис и персонален коуч, која поседува два сертификати за коучинг: Erickson Professional Coach сертификација акредитирана од International Coaching Federation и Capital C Coach, сертификација призната од American board of NLP, ANLP https://anlp.org.
Христина е претседател на Македонската асоцијација за човечки ресурси www.mhra.mk од 2012 година, и раководител на одделот за развој на човечките ресурси во Народната банка, со докажано искуство и знаење во техниките за управување и развој на луѓе и организации.
Христина е дипломиран правник на Правниот факултет, УКИМ, а постдипломски студии по менаџмент и организација завршува на Економскиот факултет во Љубљана, Словенија, со специјализација по менаџмент со човечки ресурси. Соодеветниот едукациски бекграунд заедно со нејзиното лидерско искуство ја прави способна да работи со високи професионалци и лидери во јавниот и приватен сектор, на кои им помага да го унапредат својот лидерски стил. Нејзината страст и енергија која ја вложува во работата делуваат мотивирачки и охрабрувачки.
Христина е коуч орентиран кон решенија, многу брзо проникнува во сржта на она што се случува, и потоа развива специфични, мерливи стратегии со кои клиентите ги поттикнува да размислуваат за предизвиците на сосема поинаков и проактивен начин. Секоја сесија обезбедува нови, јасни перспективи за тоа како да им пристапат на работните предизвици со јасна визија и акциски план.
Менаџментот со човечки ресурси е посебна експертиза на Христинa, и своето огромно искуство во оваа област го преточува во книга, „Интегриран модел за управување со човечки ресурси“, работен на реален случај на централната банка. Овој практичен и оперативен модел го користи во својата работа како ментор за менаџмент со човечки ресурси.