По успешното организирање на Првата Меѓународна конференција за човечки ресурси, Македонската асоцијација за човечки ресурси ја организираше втората Меѓународна HR конференција. Конференцијата се одржа на 17 и 18 септември 2010 година во Хотел Дрим, Струга, под мотото „ЛУЃЕТО ЗНАЧАТ УСПЕХ“.

2-ра Меѓународна Конференција за човечки ресурси и HR EXPO
По успешното организирање на Првата Меѓународна конференција за човечки ресурси, Македонската асоцијација за човечки ресурси ја организираше втората Меѓународна HR конференција. Конференцијата се одржа на 17 и 18 септември 2010 година во Хотел Дрим, Струга, под мотото „ЛУЃЕТО ЗНАЧАТ УСПЕХ“.
И овој пат Конференцијата имаше меѓународен карактер и на истата беа присутни гости и еминентни предавачи од земјава како и од повеќе други земји: САД, Холандија, Италија, Шпанија, Бугарија, Хрватска, Србија, Турција и Чешка. Атрактивните спикери и интересните теми за лидерство и управување со таленти предизвикаа интерес кај професионалците кај нас и во соседните земји и поради тоа, покрај ХР професионалците од Македонија беа присутни и учесници од соседните земји . Оваа година беа присутни 120 учесници.
Во рамките на оваа конференција по втор пат се одржа и HR EXPO. Сите заинтересирани компании, центри за обука и консултантски куќи, универзитети и факултети, агенции за посредување при вработување, издавачки куќи и други, имаа можност да учествуваат и да ги претстават своите услуги.
Yilmaz Ozturk - Talent Management And Succession Planing_Danone Pratice (1.90 MB)