Со големо задоволство Ве известуваме дека на последниот HR Café & Networking настан, којшто се одржа на 25 септември 2019 година, Македонската асоцијација за човечки ресурси и Македонското здружение за заштита при работа потпишаа меморандум за разбирање, во знак на понатамошна соработка. Ова го означува почетокот на една долга и продуктивна соработка, којашто се надеваме ќе доведе до развивање на свесноста на македонските компании за непроценливата важност на здрава и безбедна работна средина.
Со големо задоволство Ве известуваме дека на последниот HR Café & Networking настан, којшто се одржа на 25 септември 2019 година, Македонската асоцијација за човечки ресурси и Македонското здружение за заштита при работа потпишаа меморандум за разбирање, во знак на понатамошна соработка. Ова го означува почетокот на една долга и продуктивна соработка, којашто се надеваме ќе доведе до развивање на свесноста на македонските компании за непроценливата важност на здрава и безбедна работна средина.
Како предавач на ова HR Café, Милан Петковски (претседател на Македонското здружение за заштита при работа) минуциозно не запозна со состојбата која владее во Македонија, кога станува збор за почитување на политиките за безбедност и заштита при работа. Преку неговата презентација говорникот ни даде подробен увид, поддржан од неговото критичко мислење. Бидејќи станува збор за искусен профеционалец во областа во којашто дејствува долги години, апелот кој ни го испрати на ова HR кафе беше истакнат преку многубројни, детални дата анализи. Во продолжение се обидовме да дадеме краток приказ на тематиките и заклучоците кои беа донесени на настанот.

Безбедното и здраво работно место не само што ги штити вработените од евентуални повреди и заболувања, исто така тоа може да помогне при намалување на трошоците поврзани со несреќи на работното место, да го намали отсуството на вработените, да ја зголеми продуктивноста и квалитетот на работата и да го подигне моралот на вработените. Покрај тоа, тоа помага да се намалат надоместоците од боледувањето на вработените, трошоците за осигурување и казните поврзани со непочитување на безбедноста и професионалните практики при работа.
Препорачаните практики користат проактивен пристап за управување со безбедноста и здравјето на работното место. Советот е да се отстапи од традиционалните пристапи , бидејќи тие честопати се реактивни - тоа е, проблемите се решаваат само откако работникот е повреден или се има разболено, кога се објавуваат нови стандарди или регулативи или во ситуации кога надворешната инспекција ќе истакне проблем во компанијата којшто е потребно да се регулира. Овие препорачани практики откриваат дека пронаоѓањето на опасностите и ризиците од истите, пред да предизвикаат повреда или заболување, е далеку поефективен пристап.

Следствено, за да се дејствува ефикасно треба да се следат следните чекори: прво, да се запознаеме со ризиците кои владеат на работното место; второ, план за управување со ризиците ; и трето, проценка на мерките за управување со ризиците.
Идејата е да се започне со основна програма и со поставување на едноставни цели и да растеме од таму. Ако компанијата се фокусирана постигнување на целите, следење на перформансите и оценување на резултатите, работното опкружување може да напредува по патот кон повисоки нивоа на безбедност и здравје на работното место.
Фотографиите од настанот можете да ги погледнете на нашиот Facebook профил.