Македонската асоцијација за човечки ресурси, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа ве поканува на HR кафе и Networking настан на тема: Како до здрава и безбедна работна средина?
Македонската асоцијација за човечки ресурси, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа ве поканува на HR кафе и Networking настан на тема:
Како до здрава и безбедна работна средина?
25 септември (вторник) | 17:00 часот | Public Room (50-та Дивизија бр.22)
Регистрирајте се на следниот линк или на contact@mhra.mk.

За што ќе разговараме?
Успешните организации, големите и малите, имаат потреба од добро менаџирање, од врвот на компанијата, па се до последната алка од ланецот на вработени, коишто секојдневно учествуваат во креирањето на успешната приказна. Истите, меѓудругото, посветуваат голем дел од времето обезбедувајќи им на вработените безбедно и здраво работно опкружување. Безбедното и здравото работно опкружување се има истакнато како клучна компонента во развивањето на позитивна корпоративна култура.
Несреќите поврзани со работното место, како и болестите поврзани со работата имаат големо влијание врз вработените и нивните семејства, не само од економски аспект, туку и во однос на нивната физичка и емоционална добросостојба на краток и долг рок. Тие можат да имаат големи ефекти врз организациите и да влијаат врз продуктивноста, што доведува до потенцијални нарушувања на производните процеси, ја нарушуваат конкурентноста и угледот на организациите, а сето тоа понатаму има пошироко влијание врз економијата и општеството. Но, добрата вест е тоа што истражувањата покажуваат дека огромниот број на несреќи, а впрочем и лошото здравје, предизвикани од стресот на работното место, можат да се спречат. Превенцијата е камен-темелник на спечувањето, но и на регулирањето на ризиците на работното место.
Што можат HR менаџерите да направат за обедбедување на здрава и безбедна работна околина?
Анализите укажуваат дека е присутно константно зголемување на работниот век на вработените. Со зголемувањето на работниот век, станува се поважно условите за работа да бидат безбедни. Се верува дека добрите и безбедните услови за работа ќе им овозможат на луѓето да работат подолго и да се пензионираат во добра здравствена состојба. Преку воведување на одредени мерки, се верува дека претпријатијата и организациите можат да ги минимизираат секојдневните негативни ефекти и да ја зголемат продуктивноста, со што работата ќе биде многу попријатна за секого. Фокусот на дејствувањето на МАЧР, меѓудругото е да им помогне на HR менаџерите да обезбедат безбедни и здрави услови за работа на вработените во организациите, од почетокот до крајот на нивната кариера.
Статистичките податоци покажуваат дека претпријатијата во кои вработените и топ менаџментот на организацијата имаат големо влијание врз организациската култура, во комбинација со силна посветеност на HR менаџерите, имаат десет пати поголема веројатност да поседуваат документирана политика за безбедност и здравје при работа. Оттука, можноста за превенција значајно се зголемува. Придобивките од превенцијата вклучуваат намалени трошоци на организациите како резултат на пониските стапки на отсуство на вработените, помалку несреќи на работното место и намалена закана од акт со кој се тужи организацијата. Компаниите се стекнуваат со подобра репутација, продуктивноста се зголемува, а вработените стануваат помотивирани.
За говорникот:
Милан Петковски е татко на 3 ќерки и сопруг на една иста сопруга во период од 27 години. По свој избор станува дипломиран инженер за заштита при работа во 1998 година и од тогаш до сега континуирано работи и на своја лична надоградба како стручњак во областа, но и допринесува за унапредување на превентивната култура во работењето, како во Македонија, така и вон неа. Тоа го прави преку Македонското здружение за заштита при работа, организација која постои веќе 50 години, како нејзин Претседател. Сопствената идеи успева до сега да ја обзнани преку бројни научни трудови објавени во најразлични стручни списанија во областа, но и со стекнување на две титули “Магистер” за безбедност при работа (1) и пожарна заштита(2).
Своето знаење и искуство го става на располагање на стручната и научната јавност, преку активно учество во креирање на законските рамки за безбедност и здравје при работа, како во Македонија, така и во неколку земји од Балканскиот полуостров. Присуството во Европа го остварува преку негово назначување за фокал поинт менаџер на “Европската Агенција за Безбедност и Здравје при работа” за Македонија.
Се уште планира да работи на унапредување на својата струка и креирање на превентивна култура на работното место...
Настанот е предвиден да трае два часа, со формалниот дел со почеток во 17:15 часот и траење од 40 минути, додека остатокот од времето е наменето за неформално дружење.
Средбата ќе биде финализирана со потпишување на меморандум на соработка помеѓу МАЧР И МЗЗПР.
Регистрација:
Регистрирајте го Вашето присуство на следниот линк или на contact@mhra.mk.
HR Cafe е отворен и бесплатен настан организиран од Македонската асоцијација за човечки ресурси во соработка со нашите партнери и членови, наменети за дружење, ширење на мрежа на контакти, размена и споделување на искуства.