Македонската асоцијација за човечки ресурси ве поканува на HR кафе и Networking настан: "Моќта на формалната проценка при регрутација на кадри – објективна поткрепа на селективниот процес". Настанот ќе се одржи на 27 март (среда) во МКЦ Клуб и Ресторан од 17 до 19 часот.
Македонската асоцијација за човечки ресурси ве поканува на HR кафе и Networking настан: "Моќта на формалната проценка при регрутација на кадри – објективна поткрепа на селективниот процес"
27 март 2019 (среда) | МКЦ Клуб и Ресторан | 17-19 часот.

Опис на настанот:
Проценката на кадри при регрутација е процес кој вклучува повеќе аспекти. Покрај интиутивниот процес на проверка преку интервјуа и вербални размени, формалните методи на проценка додаваат објективност на процесот и ја комплетираат целокупната евалуација за потенцијалните вработени.
Селекцијата на квалитетен кадар е клучна за секој вид на бизнис. На HR кафе & Networking настанот ќе имате можност да слушнете повеќе за важноста на формалната проценка (assessment) при регрутација на кадри и моќта на објективноста во самиот процес. Предавањето ќе опфати дефинирање на условите за користење на формални методи на проценка, опис на процесот како и последици при неправилно спроведен процес за психолошка проценка, проценка на способности и проценка на знаења.
Главна цел е истакнувањето на креативноста при изборот на методи како и додадената вредност на процесот на проценка и оправдливоста при донесување одлука за негово користење.
Гостин-предавач:
Моника Костовска е регрутер во компанијата Symphony Solutions, со едукациска позадина во академска психологија, менаџмент на човечки ресурси и кариерно советување. Интересите и се насочени кон практична имплементација на психологија во рамки на организација. Главниот фокус и е насочен кон регрутација и селекција на IT кадри на македонски и интернационален пазар, како и тренинг и развој на вработени - најмногу во областа на избор и начини на интервјуирање на кадри и употреба на психолошки методи при проценка на кандидати. Покрај тоа, работи на истражувања на пазарот и дата анализи во функција на стратегиски менаџмент на човечки ресурси како и бренд менаџмент.
Настанот е предвиден да трае околу 2 часа со тоа што формалниот дел ќе започне во 17.15 часот и ќе биде со времетраење од околу 40 минути, додека останатото време е наменето за неформално дружење.
Пријавување:
За да присуствувате Ве молиме задолжително да се пријавите: https://bit.ly/2HM8OqO или преку испраќање e-mail на contact@mhra.mk.
#HRкафе е отворен и бесплатен настан, организиран од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси во соработка со нашите партнери и членови,наменет за дружење, ширење на мрежата на контакти, размена и споделување на искуства.
Ќе ни биде особено задоволство доколку ни се придружите!
HR кафе
Објавено на: {{DatePublished}}
{{Title}}
{{{Content}}}
{{Superscription}}
{{#if Keywords}}
{{/if}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886&height=574"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}
{{#hasElements RelatedArticles}}
ПРЕПОРАЧУВАМЕ
{{#each RelatedArticles}}
{{/each}}
{{/hasElements}}
{{#hasElements ArticlesInCategory}}
{{#each ArticlesInCategory}}
{{/each}}
{{/hasElements }}