HR кафето кое се одржа во МКЦ Клуб и Ресторан на ден 28.02.2019, без сомнеж претставуваше едно посебно доживување за оние кои за првпат имаа можност да го доловат подемот на една мала заедница која контиуирано расте и станува сè погласна, повлијателна и порелевантна за организациите. Гордоста и задоволството на членовите, кои со полно право можеме да ги наречеме основоположници на здружението, беа исцртани на нивните лица, потенцирајќи ја важноста на стремежот кон прогрес на оваа професија – Менаџер со човечки ресурси.

HR кафето кое се одржа во МКЦ Клуб и Ресторан на ден 28.02.2019, без сомнеж претставуваше едно посебно доживување за оние кои за првпат имаа можност да го доловат подемот на една мала заедница која контиуирано расте и станува сè погласна, повлијателна и порелевантна за организациите. Гордоста и задоволството на членовите, кои со полно право можеме да ги наречеме основоположници на здружението, беа исцртани на нивните лица, потенцирајќи ја важноста на стремежот кон прогрес на оваа професија – Менаџер со човечки ресурси.
Би сакале да ја започнеме оваа статија цитирајќи ја Ивана Дојчиновска-Стојановиќ, член на Управниот одбор на МАЧР: „Со првото HR кафе за оваа година сакаме да оствариме една од стратегиските цели на здружението. Сакаме да ја персонализираме професијата, да и дадеме лик на професијата-Менаџер со човечки ресурси. Да покажеме дека тие од HR имаат лик, се луѓе и имаат големо искуство позади себе. Сакаме да се обидеме да и дадеме душа на професијата со тоа што за почеток ќе Ви ги претставиме предизвиците со кои се соочува еден HR менаџер.“
Комплементирајќи го растот на професијата за ЧР, здружението преку своите активности го следи цутот и развојот на HR професионалците во Македонија. Од таа причина, забележувајќи ги потребите на професионалците, темата на овогодинешната конференција гласи „HR – The catalyst of transformation”, или во слободен превод „HR како поттикнувач на трансформативни промени“.
Наградените HR менаџери од изминатите години беа соочени со предизвици, претставени во форма на прашања, и низ панел дискусија се потрудија да ги сооединат нивните искуства, ставови и мислења на оваа значајна тема. Гости-говорници на настанот беа Магдалена Славејкова – HR менаџер во Цементарница Усје, добитник на наградата „HR менаџер на годината“ за 2014 година, Стефан Јовановски, HR директор во one.Vip, добитник на наградата „HR менаџер на годината“ за 2016 година и Елизабета Мирчевска, Регионален директор за човечки ресурси во Атлантик Груп, добитник на наградата „HR менаџер на годината“ за 2017 година. Улогата на модератор ја зазема Ивана Дојчиновска Стојановиќ – HR менаџер во НЛБ Банка, и носител на посебно признание за особени достигнувања во HR професијата за 2014 година.
Панел дискусијата започна со прашање на модераторот Ивана Дојчиновска-Стојановиќ за важноста на статуетката „HR менаџер на годината“ - какво значење имаше за нив оваа награда, на личен и професионален план? Од нивните одговори можеше да се дојде до заклучок дека зборовите како успех, среќа, професионално остварување, губат од својата важност кога се спомнува оваа награда, која претставува склоп на сите овие мали зборчиња, претопени во една статуетка.
„Пред сè како впечаток ми е останато дека самиот процес беше бескрајно професионален. До последен момент не' држевте во неизвесност за тоа кој ќе победи. Лично и професионало премногу ми значеше самата награда. Лично, бидејќи го заокружив професионалното вложување од последните 12 години. А професионално, бидејќи позади мене стои компанија. Во таа компанија има програми и пракси кои го подобруваат професионалниот развој на вработените. Се' на се', многу добро искуство.“ – рече Елизабета Мирчевска, наградениот HR менаџер за 2017 година.

Понатаму, говорниците одговараа на прашањата кои опфаќаа многу популарни прашања: прашања поврзани со дигитализацијата и употребата на вештачката интелегенција во HR одделите, како и прашања за улогата на HR одделот во процесите на промени кои настануваат поради трансформацијата. Поради реномето кое ги следи говорниците на настанот наречено „долгогодишни HR професионалци од областа“, им беше поставен предизвик да споделат искуствени ситуации, преку кои ќе можат да ги доближат до сите нас секојдневните предизвици, проблеми и практиките кои ги користат за да се соочат со предизвиците.
„Предвесник сме на трансформацијата, никако не смееме да чекаме да се случат промените. Ние треба да увидиме што е тренд во светот, во кој правец се движи светот. Сметам дека HR менаџерите треба да бидат двигатели на бизнисот. Треба да бидат оние кои ја креираат стратегијата на организацијата. Од аспект на движење на бизисот, многу се важни луѓето. Поради таа причина треба да ги надградуваме луѓето во согласност со трендовите.“ – се изјасни Магдалена Славејкова.
„Треба да останеме актуелни. Во 2018 година направивме групирање на 10 дигитални вештини кои ќе треба да ги поседува една компанија- дигитални вештини кои ќе имаат за цел да ја движат компанијата каде што треба да биде во 2020 година. Знаеме дека не сите го имаат буџетот за имплементација на вакви практики. Неодамна го воведовме Славчо. Славчо беше посетен од пола милион корисници во првите месец дена. Друга практика којашто ја воведовме беше „Кутија за идеи“ – streaming на добри корисни идеи. Оваа практика е за сите добри идеи кои матичните компании не може да ги финансираат, но Tелеком групација може. Истражував кои се стандардите во економијата,светскиот економски форум имаат издадено извештај, во кој е наведено дека 133 нови работни места ќе се појават. Трикот е во тоа што нема сите ние да ги исполнуваме условите за тие нови работни места. Тоа не е мала работа, треба да учиме за да останеме конкурентни. Нема да згасне потребата од нови луѓе, но ќе згасне потребата од стариот кадар. Нема да не заменат роботи, но ќе треба да седнеме и да се надоградуваме за да останеме конкурентни.“ – Стефан го сподели неговото искуство со практиките којашто ги имплементира one.Vip.
И, секако за крај, од говорниците беше побарано да споделат совет кој би им го дале на нивните колеги, HR менаџери, со цел да ги охрабрат да се пријават за наградата, чијшто повик е се' уште во тек.
„Учете постојано - пред нас е голем процес на трансофрмација. Мораме да примениме нов начин на работа. Се справуваме моментално со 4 генерации, мораме да научиме како со младите, кои нема да ја почитуваат хиерархијата, брзо ќе доаѓаат и брзо ќе си одат. Различо е тоа што ги мотивира. Масовните тренинзи мораат да престанат. Пракиката “One size fits all”, не е валидна веќе. Мора да видиме што го мотивира баш поединецот, мора да научиме како да ги задржиме тие што останале во Македонија и да ги привлечеме оние таленти што допрва доаѓаат. Кој ќе успее да го оствари сето ова ќе ја добие наградата HR менаџер на годината“ – рече Стефан.
HR кафето претставува настан со непрекинат подем на инспиративна приказна со ведра и голема иднина пред себе. Тешко е да се вклопат сите незаборавни моменти кои го одбележаа ова HR кафе во една кратка статија. Но, се надеваме дека успеавме да ви ја доловиме атмосферата која владееше, со надеж дека оние коишто присуствуваа ќе се присетат на инспиративните зборови на нашите говорници, додека оние коишто не присуствувале ќе бидат инспирирани да ни се придружат во следната прилика.
