Македонската асоцијација за човечки ресурси има задоволство да ве покани на роденденското издание на нашето „HR кафе & Networking“. За овој настан подготвуваме интересни роденденски содржини, роденденска торта и една hard-core HR тема поврзана со нашата иднина и со иднината на нашите компании и на целокупната економија:
"Како да го регрутирате вистинскиот талент во 3 чекори".

Растеме заедно полни 9 години. Израснавме во една зрела, одржлива, прогресивна и препознаена организација на поединци кои тимски работат на промоција и развој на професијата поврзана со управувањето на човечките ресурси и развојот на човечкиот капитал.
Македонската асоцијација за човечки ресурси има задоволство да ве покани на роденденското издание на нашето „HR кафе & Networking“. За овој настан подготвуваме интересни роденденски содржини, роденденска торта и една hard-core HR тема поврзана со нашата иднина и со иднината на нашите компании и на целокупната економија:
"Како да го регрутирате вистинскиот талент во 3 чекори".
Темата поврзана со менаџирањето со таленти е веќе скоро деценија една од најактуелните теми во сите истражувања кај компаниите и организациите, а со неа се повеќе се занимаваат и образовните институции. Еден важен сегмент секако се изворите и регрутирањето на талентите.
Својата долгогодишна работа на оваа тема ќе ни ја пренесе Дарко Петровски, основач на старт-ап компанијата Талент бизнис инкубатор „СТЕП-АП“, чиј магистерски труд на Економскиот факултет во Љубљана во 2014 година е токму од стратегискиот талент менаџмент.
Дарко е претприемач, консултант, експерт и обучувач за менаџмент и менаџмент системи, организациски инженеринг, менаџмент на човечки ресурси, претприемништво и деловен развој. Има долгорочно искуство како менаџер за човечки ресурси во една од најголемите македонски компании ЕВН Македонија и како раководител на Канцеларијата на Австриската стопанска комора во Македонија. Во моментот е кандидат за доктор на науки по Индустриско инженерство и менаџмент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
Дарко е еден од основачите, а во моментот е генерален секретар на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Тој е и член на повеќе бизнис организации и комитети во РМ.
Настанот е предвиден да трае околу 2 часа со тоа што формалниот дел ќе започне во 17.20 часот и ќе биде со времетраење од околу 30-40 минути, додека останатото време е наменето за роденденско дружење.
За да присуствувате Ве молиме задолжително да го пријавите Вашето присуство преку онлајн пријавата: https://goo.gl/forms/pFKEpLoBJwZwJvPk1 или contact@mhra.mk.
Ќе ни биде особено задоволство доколку ни се придружите!
#HRкафе е отворен и бесплатен настан, организиран од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси, наменет за дружење, ширење на мрежата на контакти, размена и споделување на искуства.
HR кафе
Објавено на: {{DatePublished}}
{{Title}}
{{{Content}}}
{{Superscription}}
{{#if Keywords}}
{{/if}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886&height=574"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}
{{#hasElements RelatedArticles}}
ПРЕПОРАЧУВАМЕ
{{#each RelatedArticles}}
{{/each}}
{{/hasElements}}
{{#hasElements ArticlesInCategory}}
{{#each ArticlesInCategory}}
{{/each}}
{{/hasElements }}