Македонската асоцијација за човечки ресурси ве поканува на септемвриско HR кафе и networking со Ана Салтирова Давидовски - HR менаџер во АМСМ! Овој пат темата е „Двата чекори пред избор на успешна стратегија“.

Во процесот на избор на стратегија за успех ние пропуштаме два чекори, а тоа е како се чувствувам кога ја избирам стратегијата за успех, првиот чекор и што зборувам додека ја избирам стратегијата за успех што е вториот чекор. Како одговор на првиот чекор настана мојата прва книга „Благодарам“ а како одговор на вториот чекор работам на втората книга.„Благодарам“ е детска книга а целта на предавањето е како една детска книга може да ја унапреди работната изведба на вработените, организацијата. Се прашувате како?! Јас имам некои предлог одговори, ве очекувам на заеднично дружење и размена на идеи како некои работи можеме да ги правиме и поинаку. – Ана Салтирова Давидовски
Придружете ни се на настанот каде што секој од вас ќе има прилика да ја прошири својата лична „мапа“, да ги размените вашите искуства, да се запознаете меѓусебно проширувајќи ја вашата мрежа на контакти и да се се напиеме заедничко кафе, како и секој месец! Како и да добиете идеја со што би можеле да ги изненадите и родителите и децата за Нова година.
Настанот е предвиден да трае околу 2 часа со тоа што формалниот дел ќе започне во 17.15 часот и ќе биде со времетраење од околу 60 минути, додека останатото време е наменето за неформално дружење.
>> Секој ден може не е добар, но во секој ден има нешто добро 😊 <<
За предавачот:
Ана е менаџер за Човечки ресурси во АМСМ. Од 2005 активно работи на развивање и испорака на обуки за меки вештини. Нејзиниот интерес е насочен на можностите за развој на секој „просечен“ поединец, како и унапредување на работата со учење од разликите. Фокусот и професионалниот предизвик за неа се наоѓа некаде помеѓу теоријата и практиката, имплементирање и адаптирање на успешните практики, за поотворено и побрзо справување со промените притоа застапувајќи го холистичкиот пристап. Потрагата по истото ја има однесено до запознавање со НЛП, по што се вклучи во првата група во Македонија за систематизирано изучување на НЛП според стандардите на IANLP – International Association for NLP, понатамошната обука ја продолжи во Белград и се има стекнато со степен на НЛП Тренер и Коуч. Таа е социјален работиник кој има магистрирани на човечки ресурси, истовремено Ана е член на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси.
>> За да присуствувате Ве молиме задолжително да се пријавите тука: https://goo.gl/2JwhWX
>> или преку испраќање e-mail на contact@mhra.mk.
#HRкафе е отворен и бесплатен настан, организиран од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси во соработка со нашите партнери и членови,наменет за дружење, ширење на мрежата на контакти, размена и споделување на искуства.
Ќе ни биде особено задоволство доколку ни се придружите!
HR кафе
Објавено на: {{DatePublished}}
{{Title}}
{{{Content}}}
{{Superscription}}
{{#if Keywords}}
{{/if}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886&height=574"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}
{{#hasElements RelatedArticles}}
ПРЕПОРАЧУВАМЕ
{{#each RelatedArticles}}
{{/each}}
{{/hasElements}}
{{#hasElements ArticlesInCategory}}
{{#each ArticlesInCategory}}
{{/each}}
{{/hasElements }}