Македонската асоцијација за човечки ресурси Ве поканува на обуката “HR TUNING USING SALES TECHNIQUES” (или, „Подобрување на вообичаените HR пристапи со користење на потврдени продажни практики“) со Дејан Стојановиќ.
Почитувани,
Македонската асоцијација за човечки ресурси Ве поканува на обуката “HR TUNING USING SALES TECHNIQUES” (или, „Подобрување на вообичаените HR пристапи со користење на потврдени продажни практики“) со Дејан Стојановиќ.
Обуката е еднодневна и ќе се одржи во петок, 18 септември 2020 година.
Обуката ќе биде во живо, со запазување и примена на сите здравствени протоколи за заштита и превенција од КОВИД-19 вирусот!

За темата:
Во март годинава мислевме дека се соочуваме со двонеделна криза, иако не бевме баш сигурни што тоа ќе значи. Некои процеси периодов наговестуваат дека можеби се враќаме „во нормала“, но секоја измината работна недела ни покажува дека работите се дефинитивно сменети.
Поради тоа, модификацијата и прилагодувањето на вообичаените HR пристапи кон потребите и новите условите на пазарот се клучни компоненти со кои ги поддржуваме ефективноста и ефикасноста на процесите во нашата Компанија. Доколку во процесот на адаптација на вообичаените пристапи примениме практики кои се веќе познати во одделот за продажба - прифаќањето на вашите иницијативи ќе биде полесно, а имплементацијата побрза. Освен тоа, предизвикувањето на традиционалните HR пристапи допринесува за зголемување на кредибилитетот на Oдделот за Човечки Ресурси во рамки на Компанијата, но и за зголемување на вашиот личен професионален рејтинг помеѓу колегите и индустријата.
Главни цели на обуката:
- Дефинирање на улогата (односно улогите) на HR професионалецот во „новата реалност“;
- Адаптација на бенефит-програмите наменети за вашите вработени, прилагодувајќи го соодветно и начинот на кој што истите ги комуницираме во и вон Компанијата;
- Привлекување на најдобрите кандидати кои ги нуди пазарот на труд и нивно задржување;
- Правилно сегментирање на нашите вработени;
За кого е наменета обуката?
Обуката е наменета за HR менаџери и професионалци кои работат во Компании со јасно изразен продажен пристап. Би било идеално доколку тие, за овој настан, бидат придружувани од своите колеги од Одделот за Продажба. Со ваков пристап би стекнале реален увид во моменталните предизвици, во потребите за адаптација на сегашните HR пристапи, како и можноста за претставување на нови (заеднички) иницијативи кои би подразбирале и усогласени ставови и на двата оддела пред топ менаџментот.
Очекувани резултати:
На крајот од обуката учесниците ќе имаат нови алатки и идеи за:
- Соодветна модификација и структурирање на процесот на „регрутирање“ на нови вработени;
- Прилагодување на HR бенефит-програмите за вработените, зголемувајќи го рејтингот на Компанијата како посакуван работодавач;
- Користење на сегментацијата на вработените за идно планирање и буџетирање на поголем дел од активностите на HR одделот;
- Да го предвидат процесот на „одлив“ на вработени;
- Да го превенираат процесот на одлив на квалитетни вработени.
За предавачoт:

Дејан Стојановиќ е магистрант на Филозофскиот факултет во рамките на УКИМ, со долгогодишно работно искуство во земјава и регионот. Во својата кариера, Дејан работел за светски познати компании како Philip Morris, Ferrero, Cisco Systems. Во 2015 година ја основа сопствената компанија PRO UPGRADE, преку која спроведува обуки верификувани во Центарот за Образование на Возрасни лица во Скопје. Освен тоа, Дејан работи како обучувач и консултант за повеќе еминентни светски компании (Schouten Global, Elite Academy, Horvath & Partners) низ целиот Јадрански регион.
Регистрација и котизација за учество:
Доколку сакате да учествувате на оваа обука, Ве молиме регистрирајте се на следниот линк.
За местото на одржување на обуката ќе бидете дополнително известени.
Редовниот износ за учество на обуката изнесува 5.400 денари.
*Износот за учество за индивидуални членови на МАЧР изнесува 4.200 денари.
* Корпоративните членови на МАЧР имаат дополнителни поволности.
*За повеќе учесници од иста компанија следува дополнителен попуст.
За повеќе информации, можете да не контактирате преку испраќање e-mail до contact@mhra.mk или на телефонскиот број 078 389 277.
Со задоволство го очекуваме Вашето присуство!