Бидете дел од HR Weekend 2.0, едукативен семинар, наменет за учење и развој на вашата организација и вработени, надвор од работното секојдневие! Настанот ќе се одржи на 1 и 2 ноември, во хотел „Бистра“, Маврово.
Македонската асоцијација за човечки ресурси ве поканува на:
HR Weekend 2.0!
1- 2 ноември, 2019 година | Хотел „Бистра“, Маврово
Погледнете ја целосната брошура за настанот

HR Weekend е едукативен семинар, наменет за учење и развој на вашата организација и вработени, надвор од работното секојдневие! Искористете ја оваа можност искуствено да се запознаете со програмите за меки вештини на тренинг центрите во нашата држава, во поинаква, неформална околина.
Зошто да присуствувате?
-
Пронајдете одговори за вашите прашања поврзани со предизвиците во развојот на вашата организација и вашите вработени
-
Споделување на искуства и знаења на HR менаџерите
-
Едукација и препораки во спроведување на soft-skills обуки за вас и вашите вработени
-
Дружење и networking со HR заедницата
-
Team- building активности
-
Мини саем за soft skills програми, од страна на тренинг центрите во Македонија
Тренинг сесии:
1. Adventure games and mind games
1.1. Авантуристичките игри се наменети за тимско подигнување на духот, зголемување на позитивната атмосфера како и подобрување на кохезијата во организацијата. Се изведуваат 8 тимски игри со цел учесниците да ги совладаат физичките предизвици во што е можно пократок рок.
1.2. Умствените игри прионесуваат за подобрување на комуникациските вештини, тестирање на лидерските способности како и решавање на умствени заатки работејќи под притисок.
Спроведувач на сесијата: K.A.K. Групација (http://www.bistra.com/)
2. The art of presence
Вештини, пристапи и техники за подобар настап пред други, во која било прилика.
Можноста да се зборува пред публика, независно дали пред тројца или пред триста луѓе, претставува шанса да ја пренесете Вашата идеја, Вашата порака, да го продадете Вашиот бизнис, услуга или производ на таа публика. Сепак, една од најголемите препреки со кои се соочуваат луѓето, е стравот од ЈАВЕН НАСТАП. Со бројни интервјуа за работа, групни состаноци, презентации, работилници и јавни настани, сè повеќе и повеќе луѓе ја разбираат важноста на развивањето добри комуникациски вештини и уметноста на харизматичното ПРИСУСТВО.
На оваа сесија ќе се запознаеме и извежбаме неколку основни принципи, пристапи и техники за градење умствена и телесна способност да зборуваме, внатрешна и надворешна подготвеност да презентираме и да влијаееме со своето присуство, како врз другите, така и врз себеси. Ќе користиме научно потврдени методи од неврологијата, лингвистиката, основите на Public Relations, како и применета психологија и NLP. Целта е да ја пренесуваме нашата порака јасно, структурирано и харизматично.
Спроведувач на сесијата: Inspirit Coaching (http://inspirit.mk/en/home/)
3. Влијание- Концепт на развој на лидерски вештини
Обуката Влијание – Концепт на развој на лидерски вештини е дел од програмата за развој на Современи менаџерски вештини креирана врз основа на програмите од Arizona State University & University of Indiana 2017 година. Оваа обука се однесува на начините на кои менаџерите треба да управуваат со луѓето, земајќи го во предвид човечкиот фактор во бизнисот. Фокусот е ставен на влијанието на менаџерите врз вработените преку комуникација, лидерство, мотивирање, управување со тимови, градење организациона култура насочена кон постигнување резултати и поттикнување креативност и иновација во организациите.
Спроведувач на сесијата: Vivendum Ratio Solutions (http://vivendumsolutions.com.mk/)
4. Иновативност и креативност
Во текот на последните децении, иновативноста и креативноста станаа клучни вештини за постигнување успех во развиените економии. Потребата за креативно решавање на проблеми се појави бидејќи се повеќе проблеми во секојдневниот менаџирање и управување бараат креативни сознанија за да се најдат соодветни решенија.
Креативноста оди рака под рака со иновациите. И нема иновации без креативност. Додека креативноста е можност за нови уникатни идеи, иновацијата е спроведување на таа креативност – тоа е воведување на нова идеа, решение, процес или производ.
Креативноста е движечка сила зад иновациите.
Спроведувач на сесијата: ESP - Развој на човечки ресурси (http://www.esp.com.mk/)
5. Тимска активност
Спроведувач: Enjoy Macedonia (http://enjoymacedonia.net/)
Регистрација и котизација за учество:
За учество на настанот Ве молиме пријавете се на електронскиот формулар за пријава или со испраќање на пријавата на contact@mhra.mk.
Краен рок за пријавување и уплата на учесниците е најдоцна до 28 октомври 2019, или до моментот додека не се пополни групата на принципот „прв пријавен – прв услужен”. По пополнувањето на пријавата ќе бидете исконтактирани во најбрз можен рок од страна на организaторот.
Искористете го Early bird попустот за уплата до 18 октомври (петок)!
- 7500 денари - Early bird износ
- 6000 денари - Early bird износ за индивидуални членови на МАЧР:
Редовен износ - за пријава и уплата од 18 до 28 октомври:
* Корпоративните членови на МАЧР имаат попуст на износот за учество во зависност од пакетот за корпоративно членство којшто го користи компанијата.
Повеќе информации можете да прочитате во брошурата за настанот.
Ве очекуваме!