Ви ги претставуваме Групацијата К.А.К. - една од компаниите- учеснички на HR Weekend 2.0. К.А.К. е Mакедонска групација на хотели која во своето портфолио ги има следниве брендови: Хотел Епинал Битола, Хотел Широк Сокак Битола, Хотел Бистра Маврово, Хотел Спорт Маврово, Хотел Лоџ Маврово, Ресторан Бистра во Маврово, Ресторан Градска Кафеана во Битола, Спорт Центар Маврово и Ски центар Маврово. Во својот асортиман за услуги, тие нудат широк спектар на тим-билдинг и друштвени активности а за вработените во организациите. Погледнете го интервјуто со Петар Младенов, менаџер за настани во Групација К.А.К.
Ви ги претставуваме Групацијата К.А.К. - една од компаниите- учеснички на HR Weekend 2.0. К.А.К. е Mакедонска групација на хотели која во своето портфолио ги има следниве брендови: Хотел Епинал Битола, Хотел Широк Сокак Битола, Хотел Бистра Маврово, Хотел Спорт Маврово, Хотел Лоџ Маврово, Ресторан Бистра во Маврово, Ресторан Градска Кафеана во Битола, Спорт Центар Маврово, Ски центар Маврово и Фарма на овци за производство на млечни производи во Маврово. Во нивниот асортиман на услуги, тие нудат незаборавни тим-билдинг искуства за вработените во организациите. Погледнете го интервјуто со Петар Младенов, менаџер за настани во Групација К.А.К.

1. Дел од услугите кои ги нуди Вашата компанија се уникатните и разновидните активности за поттикнување на тимскиот дух. Според Вас, на кој начин најдобро компаниите би можеле да ја искусат разноликоста на Вашите услуги
Преку комбинација на нашите Тим билдинг програми кои се разнолики, но меѓусебно компатибилни, и сите со една иста цел, подобрување на комуникацијата, вештините и позитивниот дух на вработените. Поголемиот дел од комапниите прават различни комбинации од нашите програми, независно дали се од забавен или едукативен карактер.
2. Знаејќи дека тим билдинг активностите се Ваша експертиза, која е Вашата омилена тим билдинг активност?
Најомилена програма ни е BECOMING A TITAN, која содржи дводневни активности и вечерна забава. Оваа програма е комбинација од Adventure games (тимски забавни игри) и Mind puzzles (умствени загатки за тестирање на комуникацијата и лидерството кај вработените).
3. Можете ли да ни кажете што можат да очекуваат учесниците од престојот во Вашиот хотелски комплекс и од активностите кои ќе бидат изведени од Ваша страна?
Учесниците ќе имаат можност да ја искусат гореспоменатата програма BECOMING A TITAN, каде што ќе бидат групирани во тимови по случаен избор, натреварувајќи се меѓусебно. Активностите се одвиваат во планинска атмосфера, која е далеку поздрава опција од тим билдинзите кои се одвиваат во градска средина. По денот исполнет со активности, учесниците ќе можат да се одморат во нашиот хотелски комплекс кој располага со ресторан, лоби бар и целосно опремен спа центар.
4. Koи се позитивните страни на групните активности? Според Вас, зошто луѓето е потребно да учествуваат на тим билдинг активности?
Тим билдинг активностите им помагаат на вработените да се видат едни со други во различно светло и да се поврзат во еден сосема различен амбиент. Без оглед на големината и структурата на Вашата компанија, Вашиот бизнис ќе биде попродуктивен кога Вашиот тим ќе биде среќен.
Преку Тим билдинг активностите кои се забавни и мотивациони, тимовите градат вештини како што се:
- Подобра меѓусебна комуникација
- Зголемување на меѓусебната соработката
- Побрзо разрешување на конфликтите
- Зголемување на мотивацијата кај вработените
- Промовирање на креативноста во секојдневното работење
Најважно од се, тим билдингот ја подобрува комуникацијата, ја зголемува довербата меѓу вработените, гради посилни и постабилни врски меѓу нив и со тоа ја зголемува и продуктивноста на вработените.
5. Знаејќи дека Вие често работите со менаџери и HR професионалци. Кои се според Вас карактеристиките на добар HR менаџер?
Според мене, задача на еден добар HR менаџер е на вистински начин да управува со сите ресурси за остварување на интересите и целите на компанијата.
Основна задача на HR менаџерот е вработување на квалитетни кадри, нивна мотивација и поттик за понатамошна едукација, специјализација за проширување на постоечкото и стекнување на ново знаење со цел што е можно повеќе да се придонесе за остварување на организациските цели. Денес, се повеќе се среќаваме со компании кои имаат исклучително способни вработени со огромно знаење во својата дејност, но се незадоволни и се чувствуваат неисполнето на своето работно место.
Добриот HR менаџер треба да бара начини како да го подобри и олесни работењето на вработените, да се грижи за нивните потреби, да креира подобри услови во работата и да им помогне на вработените при решавање на заедничките конфликти.
6. Според Вас, која е причината позади успехот на програмите кои ги нудите? Дали сметате дека компаниите во Македонија на вистински начин ги искористуваат можностите и придобивките од тим билдинг активностите?
Успехот на програмите кои моментално ги нудиме се должи на 6 годинишното константно надоградување и приспособување кон моменталните потреби на денешните компании, како и на нивната можност за взаемно комбинирање за постигнувње на посакуваната цел. Сите програми се уникатни и направени од искусни тренери со долгогодишно искуство во организација на настани и тим билдинг програми.
Што се однесува до тоа дали македонските компании навистина добиваат бенефит од нашите програми, мислам дека најдобар показател за тоа е дека компаниите се повеќе го зголемуваат својот буџет за организиција на вакви настани (тим билдинг активности, заеднички патувања на вработените, обуки и слично).
7. Поради која причина се одлучивте да земете учество и да инвестирате дел од Вашето време во учество на настанот HR Викенд 2.0?
Големата посетеност на самиот настан од страна на ХР менџерите не поттикна да земеме учество во настанот и да ги претставиме нашите програми директно на компаниските ментори кои ќе имаат прилика лично да видат кои од нашите програми најмногу би се вклопиле во нивната замисла за тим билдинг, и начините како да ги подобрат вештините кај нивните вработени.
Доколку сакате да бидете дел од овие тим-билдинг активности, регистрирајте го Вашето учество на формуларот за пријава. Регистрирајте се до 18.10 (петок) и искористете го попустот за рана пријава!
Повеќе информации за HR Weekend 2.0