Како и во секое друго издание на весникот, МАЧР посветува дел од истиот токму на статии напишани од страна на членовите на асоцијацијата. Од таа причина, ги покануваме сите наши членови коишто имаат интерес за пишување, да ни ги достават напишаните статии на e-mail адресата: contact@mhra.mk најдоцна до 15.06.2019.
Почитувани членови,
Ве известуваме дека следното издание на електронскиот весник на МАЧР, бр. 10 од „Човечки капитал“, е предвидено да биде објавено до крајот на месец јуни, 2019 година.
Како и во секое друго издание на весникот, МАЧР посветува дел од истиот токму на статии напишани од страна на членовите на асоцијацијата. Од таа причина, ги покануваме сите наши членови коишто имаат интерес за пишување, да ни ги достават напишаните статии на e-mail адресата: contact@mhra.mk најдоцна до 23.06.2019.
Општите тематски подрачја, кои ќе бидат елаборирани во ова издание и за кои ќе може да пишувате, се следните:
- Регрутација и селекција на човечки ресурси
- Советување и развој на кариера
- Employer branding
- Талент менаџмент
- Mенаџмент со различности
- Иновации во HR сферата
- HR системи
- · HR трендови
- HR алатки
- Современи предизвици на HR менаџерите
- HR искуства
Доколку Вашиот интерес да пишувате е од друго актуелно подрачје од HR областа, Вашите трудови може да ги доставите и истите ќе бидат разгледани со должна почит од страна на Рецензентската комисија на списанието “Човечки капитал“.
Должината на текстовите треба да изнесува најмногу до 2 страни од А4 формат или до 900 зборови, напишано во фонт Times New Roman, големина 11.
Со задоволство ги очекуваме Вашите трудови најдоцна до 23.06.2019!
Срдечни поздрави,
Македонска асоцијација за човечки ресурси