Корпоративно членство
Што значи корпоративното членство во МАЧР?
Корпоративно членство во Македонската Асоцијација на Човечки Ресурси е инвестиција во човечкиот капитал и симбол на препознавање на компанијата како работодавач кој е свесен за вредноста на луѓето – своите вработени. Компанијата го поседува членството и истото може да го пренесе HR-кадарот во компанијата, кога се менуваат работните обврски. Надминете ги границите и искористете нови можности за поуспешно остварување на стратешките цели на Вашата компанија со помош на копроративното членство и мноштвото услуги кои ги добивате со него.
Што добивате со корпоративното членство во МАЧР?
- Претставник во Корпоративниот одбор на МАЧР
- Networking (локален, регионален и интернационален)
- Македонската асоцијација за човечки ресурси (MAЧР) е асоцијација која покрај HR-професионалци, во своето членство вбројува стручен кадар и од други професии (адвокати, професори, економисти, комуниколози, инженери, IT-специјалисти...). МАЧР претставува богата платформа за комуникација и соработка и на своите членови им нуди поддршка во процесите на работа и предизвиците со коишто се соочуваат.
- Можности за промоција на вашата компанија и дејноста преку „светот“ на HR професионалците
- Секоја компанија-членка може да оствари позитивно влијание на усовршувањето и растот на човечките ресурси и нивната продуктивност во интерес на зголемување на профитабилноста и целокупниот економски амбиент во нашето опкружување. МАЧР на членството му овозможува да ги употреби сите расположиви комуникациски канали, кои се во сопственост на асоцијацијата, за компаниска промоција.
- Тековно информирање за случувањата во областа на човечките ресурси
- Попусти на HR-настани, HR-обуки, HR-конференција и слични настани во организација на МАЧР или на соработниците на асоцијацијата.
- Професионален развој и развој на деловни вештини на HR-професионалците
- Проширување на современото знаење и стручноста на HR-одделот во Вашата компанија преку колективното искуство споделено со други домашни и странски професионалци од иста или комплементарна професија во сите индустрии.
- Можност за директно вклучување во работењето на здружението во некоја од работните групи во рамките на МАЧР.
- Активна партиципација во реализацијата на странски проекти, учество на меѓународни конференции и други настани.
- Достапност до стручна литература и интернационални објави
- Можност за целосно вклучување и креирање на проекти од областа на менаџментот на човечките ресурси.
- Можности за развој на професионалната кариера преку стручна доедукација (обуки, семинари, работилници, дебати...)
- Огласи за вработување во HR-секторот
- Поврзаност со ЕАПМ и HR-Асоцијациите во регионот
- Маркетинг промоција
- Employer Branding
Како корпоративен член, вашата компанија се декларира како “People oriented company”, односно компанија којашто се грижи за своите вработени и се стреми кон креирање на стручни кадри во својата компанија и нивна обука според највисоки стандарди во иновативната теорија, алатки и практики од HR-професијата.
За повеќе информации во врска со корпоративното членство, како и понуда за истото, Ве молиме контактирајте не на: contact@mhra.mk.
Корпоративни членови на МАЧР: