На што се треба да внимаваме кога сакаме да постигнеме и инспиративна цел, да направиме позитивна промена. Каде се може да тргнат работите на „криво“? Кога сакаме да движиме напред, да се развиваме и да унапредиме делови од нашиот живот потребно е сестрано да размислиме за истото како би можеле да ги подржиме сите делови каде промената ќе има влијание.
Стручни статии од членови:
На што се треба да внимаваме кога сакаме да постигнеме и инспиративна цел, да направиме позитивна промена. Каде се може да тргнат работите на „криво“? Кога сакаме да движиме напред, да се развиваме и да унапредиме делови од нашиот живот потребно е сестрано да размислиме за истото како би можеле да ги подржиме сите делови каде промената ќе има влијание.
Постигнување на целта поразбира промена. Често фокусирани на она што се посакува, на она што недостасува во моментот, се она што имаме, го сфаќаме како нешто што се поразбира дека ќе биде тука за нас постојано. Се со сe е поврзано и едното влијае на другото исто како што секоја промена во еден дел носи промена и во некој друг дел. За да бидеме задоволни и по постигнување на целта потребно е да размислиме за истото пред да пристапиме кон преземање на активности за исполнување на целта.
NLP (Неуро-Лингистичкото Програмирање) го воведува концептот за проверка на екологијата на целта, што поразбира согледување на влијанието што ќе го има промената врз нас, другите луѓе, преиспитување дали промената во некој контекст е можно да има негативно влијание во некој дел. Проверката на екологијата е на две нива и тоа:
Проверка на внатрешната екологија, да се загледаме внатре во себе и во нашите чувства за сестрано согледување на влијанието на посакуваната промена Проверка на надворешната екологија пак подразбира согледување како посакуваната промена ќе влијае врз другите системи (луѓе, општеството, светот). За да се провери екологијата на целта т.е. посакуваната промена потребно е да замислиме дека ја имаме остварено целта и длабоко да размислиме за следната група на прашања. Како би го продлабочиле размислувањето, истото можеме да го направиме и преку добро познатите три перцептивни позиции, а тоа се: како јас размислувам или првата перцептивна позиција, како на промената гледа некој кого промената го допира во некој контекст или втората перцептивна позиција и последната перцептивна позиција како на промената гледа некој неутрален набљудувач кого промената не го допира во ниту еден контекст.
Проверката на внатрешната екологија може да се направи преку размислување за следните прашања:
- Како ќе се промени мојот живот со остварување на целта?
- Што добивам со постигнување на целта?
- Што губам со постигнување на целта?
- Дали сум спремен/а да ја платам цената?
- Од што се треба да се откажам за постигнување на целта?
- Што се менува со постигнување на целта?
- Кои се предностите на сегашната состојба?
- Како можам да ги задржам предностите и да ја постигнам целта?
Проверката на надворешната екологија може да се направи преку размислување за следните прашања:
- Како промената ќе влијае на другите луѓе (колегите, семејството, пријателите)?
- Дали некој од моето окружување ја посакува истата цел?
- Дали е тоа против нивните вредности?
- Дали им е важно?
- Како ќе реагираат?
- Кои се последиците за околината доколку ја постигнам целта?
Доколку сакаме да постигнеме успех и долготрајност на посакуваната промена истата треба да е и во наша полза, а исто така, и во корист на другите системи чиишто сме членови. Пресметано е дека просечен човек е член истовремено на 160 системи (семејните системи, разни системи во окружувањето, политички, организациски...).
Автор:
м-р Ана Салтирова Давидовски
HR менаџер во АМСМ & НЛП тренер
Член на УО на МАЧР
Текстот изворно е објавен во е-весникот "Човечки капитал" бр.6, стр. 32.
До останатите текстови од весникот може да пристапите овде.