Center of excellence на Вивендум Ратио Солушнс Ве поканува на обука на тема: „Развој и практична примена на емоционална интелигенција“!
Center of excellence на Вивендум Ратио Солушнс Ве поканува на обука на тема: „Развој и практична примена на емоционална интелигенција“!
Обуката ќе се одржи на 17 и 20 јануари во просториите на Вивендум Ратио Солушнс.
Напомена: Членовите на МАЧР имаат 15 % попуст, со важност до крајниот рок на пријавување (15.01.2020).

Опис на програмата:
Оваа обука јасно го дефинира концептот на емоционална интелигенција, објаснува колку е клучна за приватниот и професионалниот развој и дава практични решенија и алатки како учесниците да ги применат знаењата во секојдневниот живот а со тоа да ја подобрат својата лична самодоверба како и професионалниот успех.
Емоционална интелигенција претставува збир од способности и вештини кои определуваат колку успешно ќе управуваме со личниот живот и нашата способност да ги разбереме луѓето околу нас, како да комуницираме и соработуваме успешно со нив.
Во денешната комплексна и променлива средина, техничката експертиза или специјалистичко знаење за извршување на работните задачи не е повеќе доволно за успех. Секојневно сме соочени со нови и зголемени барања на работните места, повеќе притисок и стрес и потреба од поголема комуникација со другите за што е потребно да бидеме проактивни, отворени во пристап и соработка со другите, да знаеме како да управуваме со нашата продуктивност, меѓусебните односи и луѓето со кои сме опкружени.
Здобиените способности и вештини кои произлегуваат од емоционалната интелигенција на учесниците ќе им овозможат полесно справување и проактивност во управување со промените во приватниот и професионалниот живот и ќе им даде можност за развој на перспектива и самодоверба за управување со личните и емоции како и очекувањата и емоциите на луѓето со кои се опкружени.
Прочитајте повеќе информации за обуката на следниот линк.