Претседател на МАЧР

м-р Дарко Петровски

Претседател на МАЧР

Дарко е еден од основачите на МАЧР, каде придонесуваше како член на УО, претседател на Надзорниот одбор, генерален секретар и уредник на електронскиот весник на МАЧР, а на последното Собрание во декември 2018 беше избран за Претседател на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Дарко помина речиси 9 годишен работен ангажман како раководител на одделот за човечки ресурси и организација во ЕВН, еден од најголемите работодавачи во Македонија. Пред тоа, тој беше на чело на Канцеларијата за економски прашања при Австриската амбасада во Скопје.

Дарко е основач на Талент бизнис инкубаторот Степ-ап кој нуди програми за стипендирање и развој на таленти, за практикантска работа и консултантски услуги во областа на стратегиски деловен развој, организациски развој и менаџмент со човечките ресурси. Тој е и ко-основач и партнер во Динамик Консалтинг и е вклучен во проекти како менаџмент консултант во различни области.

Покрај професионалниот ангажман, Дарко бил и е сеуште активен во повеќе организации како Организацијата на работодавачи на Македонија, Националниот економско-социјален совет, Локалниот економско-социјален совет на град Скопје, Техничкиот комитет за менаџмент со човечките ресурси (ТК42) при Институтот за стандардизација на РМ, Националниот совет за претприемништво и конкурентност, советодавните одбори на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Дарко магистрираше економски науки на Економскиот факултет во Љубљана и е магистер по бизнис администрација и организациски науки, со специјализација во менаџментот со човечките ресурси, а исто така е дипломиран машински инженер и автор на повеќе стручни и научно-истражувачки трудови.


> Претседател на МАЧР (2012-2018)