Мисија и визија


МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата управување со човечки ресурси.

Мисија: “Мисија на МАЧР е унапредување и развој на професијата менаџмент со човечките ресурси”.

Визија: “Визија на МАЧР е развој на луѓето и организациите!”

Цели и задачи:

ПОДДРШКА на највисоките идеали во областа на управувањето со човечки ресурси и посестрано прифаќање и ценење на професијата;

ПРИЗНАВАЊЕ на управувањето со човечки ресурси поради неговиот придонес за успешно работење и зајакнување на способноста и кредибилитетот на професијата управување со човечки ресурси;

СТРЕМЕЖ да бидеме водачи во развојот и промовирањето на добрите практики во професијата управување со човечки ресурси, што ќе ги применуваат и професионалните членови и нивните колеги и да ги поставиме основните национални стандарди за управување со човечки ресурси; Лобирање кај владата и поднесување на документи во име на членовите и трети лица.