Македонската асоцијација за човечки ресурси нуди можност за ангажман на Практикант во МАЧР, со времетраење од 3 месеци.
МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
ОГЛАС ЗА ПРАКТИКАНТ
Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано во 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата управување со човечки ресурси.
За потребите на нашето работење нудиме можност за практиканство во Извршната канцеларија на МАЧР, со времетраење од 3 месеци, започнувајќи од 1 октомври 2020 година. Месечниот надоместок ќе биде во согласност со мерката за поддршка на практиканство на Агенцијата за вработување. Основен предуслов е заинтересираните кандидати да бидат регситрирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување.
Улогата и обврските се состојат во управување со функционирањето на Извршната канцеларија, координација и спроведување на надлежностите на Извршната канцеларија согласно со утврдените планови и програми за работа во функција на успешно работење на асоцијацијата. Истовремено нудиме можности за стекнување на нови знаења и вештини, создавање на широка мрежа на контакти пред сѐ во HR индустријата од деловниот и граѓанскиот сектор на општеството и искористување на креативниот потенцијал во креирањето на програмите и работата на организацијата.
Потребни квалификации и вештини:
- средно образование со било која средна стручна подготовка;
- дигитална писменост (задолжително познавање на Microsoft Office апликациите и социјални медиуми, работно искуство во дигитален маркетинг);
- задолжително познавање на англискиот јазик;
- поседување комуникациски вештини и вештини за тимско работење;
- флексибилност, педантност, исполнителност и одговорност;
- претходно работно искуство НЕ е задолжително, но ќе се смета за предност при селекцијата.
Работни задачи:
- оперативно-административна поддршка и извршување на работи поврзани со позицијата Практикант;
- подготовка на дописи, записници и извештаи од работата на здружението за разни цели;
- осмислување и поставување содржини на веб-страната и профилите на социјалните мрежи на асоцијацијата (LinkedIn, Facebook, Instagram);
- подготовка и поддршка во организирање обуки, настани, конференции и слично;
- водење на деловодник и администрирање на документи;
- комуникација со членовите и други засегнати страни за потребите на тековните активности на Извршната канцеларија;
- други работи и работни задачи во согласност со карактеристиката на работното место за потребите на МАЧР.
Доколку имате желба да бидете дел од нашиот тим, посветени сте, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, а сè со цел заеднички да придонесеме за растот и за развојот на една од најголемите бизнис платформи од граѓанскиот сектор, Ве покануваме да се пријавите преку e-mail на contact@mhra.mk најдоцна до 23.09.2020, со доставување на:
- Вашата професионална биографија (CV) и
- Писмо за пројавување интерес.
ЗАБЕЛЕШКА: Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.