Индивидуално членство
Што добивате преку индивидуалното членство во МАЧР?
- Едукативни настани во наша организација или во организација на нашите блиски соработници и партнери: меѓународни конференции, обуки, настани, работилници - бесплатни или по повластени цени
- Известувања за најновите настани и случувања во областа на HRM во земјава и Европа
- Можност за директно вклучување во работењето на здружението во некоја од работните групи во рамките на МАЧР
- Можност за целосно вклучување и креирање на проекти од областа на HRM притоа застапувајќи го здружението
- Последно, но и најважно - ширење на мрежата на контакти, и вклучување во NETWORKING-OT на здружението на докажани и врвни HR експерти и професионалци од приватниот и јавниот сектор од земјава и странство и размена на искуства и практики.
Кој може да биде член на здружението?
- HR професионалци, експерти и консултанти
- HR директори, раководители и вработени во одделите за управување со човечките ресурси од приватниот и јавниот сектор
- професори, но и студенти и почетници во областа на HRM
т.е. сите заинтересирани лица за делување во областа на управувањето со човечките ресурси !!!
Како да станете член на здружението?
- Пополнете и потпишете ПРИСТАПНИЦА за членство (и доставете ја до Извршната канцеларија на МАЧР или скенирана на е-маил адресата: contact@mhra.mk) пропратено со Вашата професионална биографија (CV) и краток допис во однос на Вашите очекувања како член на МАЧР, но и како би можеле да допринесете во нејзиниот развој и работа
- Уплатете го износот за годишната членарина, кој што согласно со Одлуката донесена на седницата на Управниот одбор на МАЧР од 18.03.2023 година изнесува 2.500 денари, или 1.500,00 денари за студенти и невработени лица (предмет на верификација).
Оние кои имаат поднесено Пристапница за членство, вршат обнова на истото со уплата на годишната членарина за тековната година во зависност од тоа во која категорија спаѓаат.
Ве повикуваме да го потврдите Вашето членство и да ја извршите уплатата на годишната членарина на следната:
жиро сметка: 300-0000029252-65;
депонент: Комерцијална Банка АД;
даночен број: 4080009503160;
цел на дознака: Уплата за годишна членарина во Македонската асоцијација за човечки ресурси
* Забелешка: Членството е валидно од моментот на зачленувањето/уплатата, во времетраење од 12 месеци.
Ве очекуваме...
Македонска асоцијација за човечки ресурси
ВАЖНО: Пред да ја извршите уплатата на годишната членарина, доколку сте нов член, задолжително обратете се до Извршната канцеларија за потврда и дополнителни информации во однос на постапката.