Македонска Асоцијација За Човечки Ресурси објавува КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР ЕСЕЈ 2013 на тема:
„Можностите и предизвиците за менаџмент на човечките ресурси поврзани со променливоста на работата, работното место или воопшто работната сила“
Почитувани професионалци, од областа на менаџмент на човечки ресурси, како и професионалци – на лидерска позиција во својата организација...
....... остварете ја можноста за учество на Европскиот натпревар за човечки ресурси 2013, како најдобар есеј од Р. Македонија и притоа освојте:
- Бесплатно учество и презентација на својот труд на 5-та Меѓународна HR конференција на МАЧР
- 2 бесплатни учества на Работилници во организација на МАЧР по свој избор
- Објава на научниот труд на официјалната веб страница на МАЧР – www.mhra.mk
- Објава на трудот во HR магазинот/списанието издадено од страна на МАЧР
Победникот на европско ниво добива бесплатно учество и промоција на Европската конференција за човечки ресурси во Манчестер, Англија со покриени трошоци за сместување и превоз.
Се покануваат кандидатите најкреативно и најоргинално да ја опишат и објаснат визијата на следните специфични теми:
- да објаснат како технологијата го промени начинот на кој луѓето ја извршуваат работата и самата природа на работата, и колку таа би можела да влијае на улогата на МЧР во организациите;
- да објаснат како се менува структурата на работната сила, нејзината различност и демографски карактеристики, и што тоа значи за МЧР и воопшто за организациите;
- да се задржат на темите како што се лидерството, довербата и културата како најважните за поддршка на долгорочниот одржлив развој и успех на организациите.
Крајниот рок за испраќање на есеите е продолжен до 26 мај 2013 година (недела).
Вашите есеи доставете ги нa e-mail адреса contact@mhra.mk, со назнака Избор на Есеј 2013.
Победникот од Република Македонија ќе биде избран најдоцна до 15 јуни 2013 година, и свечено промовиран од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси.
Ве очекуваме !!!
Вашиот поглед на иднината е од големо значење...
Правилник за учество
Согласност за учество