Со задоволство Ве информираме дека МАЧР го објави 13. издание на е-весникот „Човечки Капитал„. И за ова издание на е-весникот, ние подготвивме богата содржина, составена од истражувања, статии, интервјуа, настани, стручни трудови и други интересни информации, поврзани со HR областа.
13. издание на е-весникот „Човечки Капитал“
Со задоволство Ве информираме дека МАЧР го објави 13. издание на е-весникот „Човечки Капитал„. И за ова издание на е-весникот, ние подготвивме богата содржина, составена од истражувања, статии, интервјуа, настани, стручни трудови и други интересни информации, поврзани со HR областа. Содржината на е-весникот можете да ја погледнете на следниов линк: https://issuu.com/mhra.mkd/docs/_
Ние би сакале да ја искористиме оваа прилика за да им се заблагодариме на сите индивидуалци и организации, кои дадоа свој придонес кон креирањето на содржината на 13. Издание и со нивните текстови дополнително го споделија своето знаење со другите припадници на HR заедницата, но и со пошироката публика, која редовно следи и добива информации од страна на МАЧР.
Воедно, би сакале да им се заблагодариме и на членовите на Уредувачкиот одбор на е-весникот, за нивното управување на процесот на подготовка на содржината и креирањето на 13. Издание на „Човечки капитал“. Посебна благодарност до Волонтерски Центар Скопје (ВЦС), за нивната техничка и дизајнерска поддршка.
Ви посакуваме пријатни моменти додека ја истражувате содржината на е-весникот и се надеваме дека во него има по некој текст за сечиј вкус!