Со задоволство Ве информираме дека Македонската асоцијација за човечки ресурси (МΑЧР) оваа година ќе ја организира својата 13. Меѓународна HR конференција и HR Expo 2021, насловена како: "HRise like a PHOENIX- Intertwining humanity and technology". Конференцијата ќе се одржи на 21-ви и 22-ри Октомври 2021 година (во онлајн формат).
Почитувани соработници и партнери,
Со задоволство Ве информираме дека Македонската асоцијација за човечки ресурси (МΑЧР) оваа година ќе ја организира својата 13. Меѓународна HR конференција и HR Expo 2021, насловена како: "HRise like a PHOENIX- Intertwining humanity and technology". Конференцијата ќе се одржи на 21-ви и 22-ри Октомври 2021 година (во онлајн формат).
Човечките ресурси имаат моќ да направат револуција во начинот на кој работиме. Но, какви промени може да очекуваме? Во годините одбележани од КОВИД-19 кризата и во услови во кои една организација презема управување со промени, најчесто има спротиставување и отпор, што создава работна средина на немир и напнатост. На конференцијата, говорниците ќе ја елаборираат синтагмата „нова реалност“, и ќе ни презентираат информации за нови и надоаѓачки теми, како што се управувањето со агендата предводена од таленти во време на засилен технолошки развој, користење на податоците и интелегентните решенијата за подигнување на интеракцијата помеѓу процесите на човечки ресурси и вработените, градење култура на иновација и зајакнување, како и имплементацијата на динамичниот HR менаџмент или, накратко, како хуманоста и технологијата се меѓусебно впрегнати во организациите.
Како да ги направите организациите поефикасни и поуспешни во нивната работа преку перспективата на човечките ресурси? Имајќи предвид дека промената е единствената постојана состојба во денешното работно опкружување, на годинешната конференција ќе се обидеме да ви дадеме увид и да ви претставиме разни позитивни практики што може да се согледаат како мотиватор, но и како пример за следниот чекор за промена во вашата организација, било како менаџер за човечки ресурси или како извршен директор.
Оваа година го продолжуваме искуството од минатата година, преку организирање на овој професионален настан во онлјан формат и со споделување на успешни приказни на докажани бизнис лидери од добро-познати компании и организации, насочени кон пошироката регионална и Европска јавност.
Дво-дневната конференција ќе биде домаќин на повеќе од 20 истакнати и современи говорници, професори и практичари со напредни размислувања од различни држави, кои ќе ги споделат своите лични искуства во областа на управувањето и менаџментот со човечки ресурси и своето специјализирано знаење, иновативни идеи, практични и докажани решенија, како и препораки што менаџерите и професионалците можат да ги имплементираат во нивните организации.
Дополнително, во рамките на конференцијата, планираме и реализација на „Глобален Панел“, со говорници-претставници на меѓународни HR асоцијации од други континенти (to be confirmed). На панелот, говорниците ќе се осврнат на теми поврзани со новите HR трендови и иднината на работата на глобално ниво, кои произлегуваат од Ковид-19 кризата.
Учесниците на Конференцијата ќе имаат можност да слушнат излагања од експерти во оваа област, да бидат во тек со HR новините, да добијат увид, да ги споделат своите идеи и да се вмрежат со колеги и извршни менаџери од својата професија.
Воедно, во рамките на конференцијата ќе се организира и онлајн HR Expo 2021, како и други соодветни и интересни содржини!
Со нетрпeние Ве очекуваме на 13. Меѓународна HR конференција во организација на МАЧР!
Искрено Ваши,
Македонска Асоцијација за Човечки Ресурси
www.mhra.mk