Комисијата за избор на финалисти за HR-практика на годината се состои од пет членови.
Комисијата за избор на финалисти за HR-практика на годината се состои од пет членови, експерти во областа на човечките ресурси со најмалку 10 годишно искуство и тоа двајца од академската област, двајца професионалци од бизнис средината и HR-професионалец - раководител за ЧР на организацијата носител на титулата HR-практика на годината од минатата година.
Членовите на комисијата се предложени и изгласани од страна на Управниот одбор на МАЧР. Секој член на комисијата ќе потпише „Договор за доверливост“, со кој ќе се заштитат доверливите информации споделени во текот на процесот на избор на HR-практика на годината.
Комисијата изборот на избор на финалистите за HR-практика на годината го прави врз база на однапред дефинирани критериуми, притоа следејќи ја чек листата и водејќи се по највисоки етички и професионални принципи во работењето.
Одлуката на комисија за избор на финалисти на HR-практика на годината е неотповиклива, нема можност за поднесување на жалба за промена на истата.
Членови на Комисијата за избор на финалисти за HR-практика на годината се следните:
Доц. д-р Ефтимов Љупчо
Продекан за настава на Економски факултет- Скопје
Професор по предметите Менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси на Економски факултет-Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје; Раководител на постдипломскиот студиум Стратегиски менаџмент на човечки ресурси; Консултант во областа на организациските стратегии и менаџментот на човечките ресурси; Член на управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси.
м-р Ана Салтирова Давидовски
Менаџер за Човечки ресурси во АМСМ
Ана работи на позицијата Менаџер за Човечки ресурси во АМСМ. Од 2005 активно работи на развивање и испорака на обуки за меки вештини. Фокусот и професионалниот предизвик за неа се наоѓа некаде помеѓу теоријата и практиката, имплементирање и адаптирање на успешните практики, за поотворено и побрзо справување со промените притоа застапувајќи го холистичкиот пристап. Потрагата по истото ја има однесено до запознавање со NLP методологијата, сега веќе активно се работи и како NLP Тренер и Коуч. Исто така на оваа тема има напишано повеќе статии во печатени и дигитални списанија, блогови и портали. Таа е магистер по Менаџмент на Човечки ресурси, а преку магистерската теза за првпат го внесе NLP во академските трудови во Македонија. Автор е на детската книга „Благодарам“ преку која методологијата на НЛП ја доближи до најмалите. Исто така е член на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси, член на Техничкиот комитет ТК 42 за HR стандарди под Институтот за стандардизација на Република Македонија (кој е мирор комитет на меѓународниот технички комитет ISO/TC 260 – Human Resource Management) и активна е на повеќе проекти за развој на ЧР во Македонија и промоција на професијата.
Доц. д-р Ана Томовска-Мисоска,
Доцент на Универзитетот Американ Колеџ Скопје
Ана докторирала на School of Education, Queen's University Belfast во областа на психологијата. Во моментов е доцент на Универзитетот Американ Колеџ Скопје каде што предава предмети од областа на Психологијата и Менаџментот на Човечки Ресурси. Во текот на својата кариера работела на голем број истражувачки и апликативни проекти во Македонија и Северна Ирска. Нејзиното поле на интерес ги опфаќа различните аспекти од функционирањето на организациите како на пример организациската култура и особено човечкиот аспект на организациите. Нејзините трудови се објавени во различни меѓународни изданија.
м-р Ивана Дојчиновска- Стојановиќ,
Раководител на Центарот за управување со човечки ресурси во НЛБ Банка АД Скопје
Ивана е професионалец со повеќегодишно искуство во менаџирање со луѓе, специјализирана на меѓународни корпоративни системи. Од 2018 година раководи со Центарот за управување со човечки ресурси на НЛБ Банка АД Скопје. Во своето работно портфолио има докажано искуство во воспоставување стратегии и сеопфатни системи за менаџирање со луѓе во повеќе индустрии. Во поле на интерес и се концептите на организациско однесување, промени во организациите и агилни менаџерски пристапи.
Магистрирала Менаџмент на човечки ресурси. Сертифициран советник за кариера (GCDF – Global Career Development Facilitator) и сертифициран обучувач на советници за кариера, сертифициран обучувач на возрасни, обучен професионалец за односи со јавност, лиценциран ментор за практиканти. Ивана е основач и претседателка на Асоцијацијата на советници за кариера (АСК) и член на УО на МАЧР. Во рамките на наградата „HR менаџер на годината 2014“ МАЧР ја одликуваше со признание за особени достигнувањапрофесијата.
Дениз Димовски
Специјалист за аквизиција на таленти и бренд на работодавач во Пивара Скопје АД. (не занм дали ке биде релевантно до моментот)
Дениз е професионалец во областа на човечките ресурси повеќе од три години, можеби не толку искуството колку што ентузијазмот за професијата го инфилтрира помеѓу многу докажани професионалци во областа на човечките ресурси. Тој магистрираше при Економскиот Факултет во Скопје, насока - Стратегиски менаџмент на човечки ресурси, бранејки ја тезата Талент Менаџмент во РМ мит или реалност. Неговото поле на интерес е дигитализација на функциите на ЧР, со особен акцент во процесите на регрутација и селекција како и интерниот развој на талентите во организацијата. Тој е и долгогодишен член на Македонската асоцијација за човечки ресурси и гласен промотор на многу нови трендови во областа. МАЧР го избра за Млад ЧР ентузујаст за 2019 година.