После преспиена ноќ и сумирање на впечатоците од настанот за доделување на HR-наградите, можеме да Ви кажеме само едно нешто... Ви Благодариме!
Благодарност до комисијата за професионалниот пристап и работа, благодарност за сите индивидуи и компании кои учествуваа во конкурсот за доделување на HR-награди за 2023 година, благодарност до покровителите на настанот Парк Хотел, ФитКит и Реплек за поддршката при организацијата, благодарност до пријателите, соработниците, членовите на МАЧР и припадниците на HR-заедницата во Македонија, кои со своето присуство го збогативте настанот...
Навистина имавме прекрасна вечер, преполна сала, каде што присутните за Најпопуларна HR-Практика на годината ја избраа "Gamification Мастерс“ на Nelt ST.
Наградата за Млад HR-ентузијаст за 2023 година, согласно одлуката на стручната комисија, беше доделена на Ангела Петрушевска од ITtude, додека пак, за HR-менаџер на Годината беше избрана Амина Идризи од Магна Мирорс СЕЕ.
Би сакале да им честитаме на сите добитници на наградите, но и на сите номинирани кандидати и практики/компании кои учествуваа во овогодинешниот конкурс за доделување на HR-награди за 2023 година, затоа што сите дадоа огромен придонес кон промоцијата и развојот на HR-професијата.
За време на настанот, МАЧР го прослави и својот 15. Роденден... Зад нас оставаме петнаесет успешни и плодни години и продолжуваме понатаму со остварувањето на нашата Визија - Развој на Луѓето и Организациите!