Зачленете се во Македонската асоцијација за човечки ресурси или обновете го Вашето членство за 2020 година!
Повик за членство за 2020 година!
Македонската асоцијација за човечки ресурси - МАЧР како невладино, непрофитно и непартиско здружение на граѓани, продолжува со остварување на својата мисија за промоција и унапредување на професијата управување со човечките ресурси, како и создавање и имплементирање на највисоките професионални стандарди и развој на човечкиот капитал во Република Македонија како единствен ентитет од овој вид во земјава. МАЧР е полноправна членка на European Association for People Management – EAPM и World Federation for People Management Associations – WFPMA што е доказ за професионалност, кредибилитет и сигурна основа на ова здружение за понатамошен раст и развој.
Што добивате со индивидуалното членство во МАЧР?
-
Вмрежување - »Networking« (интернационално, регионално и локално)
Македонската асоцијација за човечки ресурси (MAЧР) е асоцијација која што покрај HR-професионалци, во своето членство вбројува стручен кадар и од други професии (адвокати, професори, економисти, комуниколози, инженери, IT-специјалисти...). МАЧР претставува богата платформа за комуникација и соработка и на своите членови им нуди поддршка во процесите на работа и предизвиците со коишто се соочуваат.
-
Професионален развој на вработените во HR-секторот
Проширување на современото знаење и стручноста на HR-одделот во Вашата компанија преку колективното искуство споделено со други домашни и странски професионалци од иста или комплементарна професија во сите индустрии. Можност за целосно вклучување и креирање на проекти од областа на менаџментот на човечките ресурси и активна партиципација во реализацијата на проекти од HR областа.
За членовите на МАЧР, секоја година се организираат минимум 4 обуки. Овие обуки ќе бидат посебно обележани во програмата на работа на МАЧР. Бидете во тек за да не пропуштите ниедна обука којашто би можела да ви биде од клучна важност.
-
Достапност до најновите информации од МЧР професијата
Тимот на МАЧР прави синтеза на тековни истражувања, новитети, најсовремени идеи и практики од HR сферата. Овие информации понатаму им се достапни на нашите членови преку редовниот Newsletter и весникот „Човечки капитал“ којшто се објавува два пати годишно.
-
Регионални активности и настани
Можност за учество на настани организирани од страна на сите земји членки на ЕАПМ по поволни услови (национални и интернационални конференции, обуки и работилници)
МАЧР, во текот на годината, е иницијатор и организатор на голем број настани.Настаните овозможуваат директна комуниција на поединци и компании и потенцијална можност за идна соработка. Настани во организација на Македонската Асоцијација за Човечки Ресурси се:
-
HR-конференција
-
HR-Cafе & Networking кој е препознатлив бренд и се состои од официјален (едукативен/промотивен) и неформален дел
-
HR-викенд (вмрежување и едукативно-промотивен тематски настан за потребите на членството)
-
Избор и прогласување на HR менаџер на годината
-
Oбуки за професионален развој
-
Промотивни настани
Членовите на МАЧР имаат бесплатно учество или значителен попуст на сите настани организирани од страна на МАЧР. Попустот важи и за настани организирани од соработниците на асоцијацијата. Износот на попустот зависи од конкретниот настан.
Кој може да биде член на здружението?
- HR професионалци, експерти и консултанти
- HR директори, раководители и вработени во одделите за управување со човечките ресурси од приватниот и јавниот сектор
- професори, но и студенти и почетници во областа на HRM
т.е. сите заинтересирани лица за делување во областа на управувањето со човечките ресурси !!!
Како да станете член на здружението?
- Пополнете и потпишете ПРИСТАПНИЦА за членство (и доставете ја до Извршната канцеларија на МАЧР или скенирана на е-маил адресата: contact@mhra.mk) пропратено со Вашата професионална биографија (CV) и краток допис во однос на Вашите очекувања како член на МАЧР, но и како би можеле да допринесете во нејзиниот развој и работа
- Уплатете го износот за годишната членарина, кој што согласно со Одлуката донесена на седницата на Управниот одбор на МАЧР од 01.02.2016 година изнесува 1.800 денари, или 1.230,00 денари за студенти и невработени лица (предмет на верификација).
Оние кои имаат поднесено Пристапница за членство, вршат обнова на истото со уплата на годишната членарина за 2020 година во зависност од тоа во која категорија спаѓаат.
Ве повикуваме да го потврдите Вашето членство и да ја извршите уплатата на годишната членарина на следната:
жиро сметка: 300-0000029252-65;
депонент: Комерцијална Банка АД;
даночен број: 4080009503160;
цел на дознака: упис за/ обнова на членство во Македонската асоцијација за човечки ресурси за 2020 година
* Забелешка: Членството е валидно од моментот на зачленување, до крајот на тековната календарска година.
Ве очекуваме...
Македонска асоцијација за човечки ресурси
ВАЖНО: Пред да ја извршите уплатата на годишната членарина, доколку сте нов член, задолжително обратете се до Извршната канцеларија за потврда и дополнителни информации во однос на постапката.