Седницата на Собранието ќе се одржи на 27 мај 2021 (четврток), со почеток во 17:00 часот (вклучување на настанот во 16:45), во онлајн формат (ZOOM состанок). Седницата е предвидено да трае 1 час и 30 минути.
Врз основа на член 16 и 18 од Статутот на Македонска асоцијaција за човечки ресурси
Претседателот на Македонска асоцијација за човечки ресурси објавува:
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА РЕДОВНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ
27 мај 2021 (четврток), со почеток во 17:00 часот (вклучување на настанот во 16:45)
Предлог - дневен ред
1. Избор на претседавач, записничар, верификациона комисија
2. Констатирање на број на членови на МАЧР [индивидуални и корпоративни] и утврдување кворум на Собранието
3. Усвојување на Записникот од претходната седница на Собранието [22.04.2019]
4. Извештај за работење на МАЧР за 2019 и 2020 година
5. Предлог Стратегија за развој и унапредување на активностите на Македонската асоцијација за човечки ресурси за периодот 2021-2023 година
6. Предлог Оперативен план за работа на Македонската асоцијација за човечки ресурси за 2021 година
7. Разно
Седницата на Собранието ќе се одржи на 27 мај 2021 (четврток), со почеток во 17:00 часот (вклучување на настанот во 16:45), во онлајн формат (ZOOM состанок). Седницата е предвидено да трае 1 час и 30 минути.
Право на учество на Собранието имаат сите членови кои имаат подмирено членарина за тековната година (за последните 12 месеци). Ве молиме за задолжителна најава на Вашето присуство (отсуство) на Собранието со пополнување на краткиот формулар, кој можете да го најдете на следниов линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeFjvDhVyM09CCbq6xgAO5BkYuMl1-05sy3NM3WwbNvvHqe4g/viewform
Ве замолуваме да не известите најдоцна до 25 мај 2021 година (вторник), со цел навремена достава и увид во работните материјали.
Во очекување сме на Вашата најава/потврда. Ви благодариме однапред за издвоеното време.
Ви стоиме на располагање за дополнителни прашања и информации.
Со почит,
Извршна канцеларија на МАЧР