За потребите на нашето работење нудиме можност за практикантска работа во Извршната канцеларија на МАЧР, со времетраење од 3 месеци, започнувајќи од 15 Јуни - 15 Јули 2024 година (во зависност од одобрувањето на практиканството од страна на Агенцијата за вработување). Месечниот надоместок ќе биде во согласност со мерката за поддршка на практиканство на Агенцијата за вработување.
МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
ОГЛАС ЗА ПРАКТИКАНТ
Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано во 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата управување со човечки ресурси.
За потребите на нашето работење нудиме можност за практикантска работа во Извршната канцеларија на МАЧР, со времетраење од 3 месеци, започнувајќи од 20 Јуни - 20 Јули 2024 година (во зависност од одобрувањето на практиканството од страна на Агенцијата за вработување). Месечниот надоместок ќе биде во согласност со мерката за поддршка на практиканство на Агенцијата за вработување.
Улогата и обврските се состојат во управување со функционирањето на Извршната канцеларија, координација и спроведување на надлежностите на Извршната канцеларија согласно со утврдените планови и програми за работа во функција на успешно работење на асоцијацијата. Истовремено нудиме можности за стекнување на нови знаења и вештини, создавање на широка мрежа на контакти пред сѐ во HR индустријата од деловниот и граѓанскиот сектор на општеството и искористување на креативниот потенцијал во креирањето на програмите и работата на организацијата. Работата е во работните простории на асоцијацијата.
Потребни квалификации и вештини:
- минимум средно образование со било која средна стручна подготовка
- дигитална писменост (задолжително познавање на Microsoft Office апликациите и социјални медиуми, работно искуство во дигитален маркетинг)
- задолжително познавање на англискиот јазик
- поседување комуникациски вештини и вештини за тимско работење
- флексибилност, педантност, исполнителност и одговорност
- претходно работно искуство НЕ е задолжително, но ќе се смета за предност при селекцијата.
Работни задачи:
- оперативно-административна поддршка и извршување на работи поврзани со позицијата Практикант
- подготовка на дописи, записници и извештаи од работата на здружението за разни цели
- осмислување и поставување содржини на веб-страната и профилите на социјалните мрежи на асоцијацијата (LinkedIn, Facebook, Instagram)
- подготовка и поддршка во организирање обуки, настани, конференции и слично
- водење на деловодник и администрирање на документи
- комуникација со членовите и други засегнати страни за потребите на тековните активности на Извршната канцеларија
- други работи и работни задачи во согласност со карактеристиката на работното место за потребите на МАЧР.
Доколку имате желба да бидете дел од нашиот тим, посветени сте, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, а сè со цел заеднички да придонесеме за растот и за развојот на една од најголемите бизнис платформи од граѓанскиот сектор, Ве покануваме да се пријавите преку e-mail на contact@mhra.mk најдоцна до 14.06.2024, со доставување на:
- Вашата професионална биографија (CV) и
- Писмо за пројавување интерес.
ЗАБЕЛЕШКА: Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.