Македонската асоцијација за човечки ресурси ве поканува на Предновогодишно HR дружење, на 12 декември 2019 (четврток) во Cosy Bar, Скопје, со почеток во 19:00 ч.
Македонската асоцијација за човечки ресурси ве поканува на Предновогодишно HR дружење!
12 декември 2019 (четврток) | Cosy Bar | 19:00 ч.
Придружете ни се!

Почитувани членови, соработници и партнери,
Македонската асоцијација за човечки ресурси Ве поканува на традиционалното „Предновогодишно HR дружење“ - последниот од серијата на HR настани за оваа година, што ќе се одржи на 12 декември 2019 (четврток), од 19.00 часот, во Cosy Bar, Скопје (линк од мапа).
Овој последен настан за 2019 година го посветуваме на неформално дружење и networking со нашите членови, партнери и соработници, со цел успешно да го заокружиме крајот на деценијата и да наздравиме за досегашните успеси, како и идните успеси и планови што не очекуваат во 2020 година. Ова пријатно дружење ќе биде надополнето со вкусна закуска за сите присутни.
Ќе ни преставува особено задоволство доколку ни се придружите!
Пријавување:
За да присуствувате Ве молиме задолжително да се пријавите:
на формуларот за регистрација или преку испраќање e-mail на info@mhra.mk.
*Ве молиме очекувајте потврда за пријавата од страна на тимот на МАЧР.
#HRкафе е отворен и бесплатен настан, организиран од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси во соработка со нашите партнери и членови, наменет за дружење, ширење на мрежата на контакти, размена и споделување на искуства.