Со цел да се истакне важноста на HR професијата и, следствено на тоа, луѓето коишто работат во HR сферата, од оваа година, European Association for People Management (EAPM) го воведе официјалниот европски интернационален HR ден (International HR Day), кој од сега па натаму ќе се одбележува секој 20ти мај.

За да се прикаже значајна вредност на HR oдделот, HR одделот мора да поддржува и овозможува егзекутирање на стратегии преку градење на организациска способност. Наспроти модерните верувања, коишто се одликуваат со одреден скептицизам во однос на релевантноста на HR професијата во модерниот, дигитализиран свет, улогата на HR професионалецот не е улога која може да биде автоматизирана, поделена како услуга, ниту пак запоставена. Ваквата улога доаѓа од конкретно и темелно познавање на бизнис стратегии и постоечки можности и способности на организации. Големата предност која човечките ресурси ја имаат во корпоративниот свет е тоа што, на крајот на денот, сите корпоративни стратегии се извршуваат од страна на луѓе, луѓе кои имаат потреба од поддршка, потреба од обука и опремување за да ја извршат стратегиската визија. Главната улога на HR професионалците е да изградат организациска способност за поддршка на бизнис стратегиите. И покрај тоа што постои скептичност за важноста на HR, фактите за релевантноста на човечките ресурси не можат да се потценат.
Со цел да се истакне важноста на HR професијата и, следствено на тоа, луѓето коишто работат во HR сферата, од оваа година, European Association for People Management (EAPM) го воведе официјалниот европски интернационален HR ден (International HR Day), кој од сега па натаму ќе се одбележува секој 20ти мај. Целта на интернационалниот HR ден е секоја компанија, здружение, организација, низ разни активности, да им даде значење на своите HR менаџери, специјалисти и експерти.
10 причини поради кои заслужуваме да го славиме Интернационалниот HR ден:
-
Ние го водиме деловниот успех преку привлекување, развивање и негување на вистинските таленти и помагање на развојот на луѓето
-
Ние влијаеме на насоката и лидерството на организациите.
-
Ги градиме и оформуваме вредностите и културата на организациите.
-
Ние го активираме најважнииот ген во ДНК на организациите-луѓето.
-
Ние го разбираме деловниот свет и начините преку кои луѓето додаваат вредност на корпоративниот свет.
-
Го зацврстуваме човечкиот капитал, кој ја претставува главната предност на организациите денес.
-
Ги балансираме интересите на организациите и на луѓето.
-
Имаме двонасочен фокус кој ги засега и луѓето и организациите.
-
Поддржуваме нови улоги и нови начини на работа со луѓето во центарот на вниманието.
-
Претвораме иновативни идеи во добри, функционални практики.
Сега, ја препуштаме иницијативата во ваши раце. Помогнете ни да го прошириме славењето на овој важен ден и да го доближиме неговото значење до пошироката јавност. Пронајдете си Ваш начин да го прославите интернационалниот HR ден и да им дадете значење на сите ваши колеги, пријатели, познаници од HR сферата!
На веб-страната на EAPM (линк) Ви се достапни материјали кои можете да ги преземете и да ги користите за секаков вид на онлајн промоција! Споделувајте, лајкувајте и објавувајте со hashtag #HumanResourcesDay!
Во меѓувреме, доколку сакате да го прославите интернационалниот HR ден заедно со Македонската асоцијација за човечки ресурси, придружете ни се на 11тата меѓународна HR Конференција и HR Експо, на тема „HR - The catalyst of transformation", којашто ќе се одржи токму на 20 мај! Регистрирајте го Вашето присуство на mhraconference.mk.
